Готски јазик — мртов источногермански јазик што бил зборуван од Готите. Најмногу е познат од кодексот Аргенетеус, копија на преводот на Библијата од IV век. Другите помали јазици на оваа група како што се бургунскиот и вандалскиот јазик се познати само по личните имиња. Јазикот е индоевропски но нема денешен потомок. Најстарите документи на готски датираат од IV век. Со надоаѓањето на Франките, масивна асимилација од латините јазикот почнал да исчезнува. Јазикот опстоил само до VIII век но само на територијата на Шпанија и Португалија. Според некои записи е утврдено дека јазикот бил зборуван и на територијата на долен Дунав и на Крим. Јазикот е мошне интересен за проучување на јазичарите.

Историја

Зачувани се само неколку документи готски јазик – недоволно за целосна реконструкција на јазикот. Повеќето готски извори се преводи или глоси од други јазици (имено, грчки), така што странските лингвистички елементи секако влијаеле врз текстовите. Примарните извори се следниве:

Најголемиот корпус на преживеана документација се состои од различни кодекси, повеќето од 6 век, кои претставуваат копии на преводот на Библијата направен од аријанскиот епископ Вулфила (311–382), водач на заедница на визиготски христијани во римската провинција Мезија (денешна Србија, Бугарија/Романија). Тој нарачал превод на грчката Библија, од кој сочувани се приближно три четвртини од Новиот завет и некои фрафменти од Стар завет.

Фонологија

Самогласки

монофтонзи200п дифтонзи200п

Согласки

 УснениЗабниВенечниПредно-непчениЗадно-непчениУснено-заднонеп.ГрклениИзбувни p b   t d   ?ddj k g q gw  Струјни f b þ d s z   g, h g   h Приближни       j    w  Носни  m    n    g, n   Странични     l     Трепетни     r     

Наводи

Библиографија Wilhelm Streitberg, Gotisches Elementarbuch, Heidelberg, 1920 В. В. Євченко, Готська мова, Житомир, 2002

Категорија:Источногермански јазици Категорија:Мртви јазици во Европа Категорија:Средновековни јазици Категорија:Доцна антика Категорија:Јазици во Полска Категорија:Јазици во Чешка Категорија:Јазици во Словачка Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Украина Категорија:Јазици во Франција Категорија:Јазици во Италија Категорија:Јазици во Шпанија Категорија:Јазици во Португалија Категорија:Јазици во Романија