Прекрасен ум — биографски филм од 2001 година, за математичарот и нобеловец Џон Форбс Неш. Филмот беше режиран од Рон Хауард и напишан од Акива Голдсмен. Филмот е заснован на истоимениот бестселер од Силвија Насар. Главните улоги ги толкуваат Расел Кроу, Џенифер Конели, Ед Харис и Пол Бетани.The Guardian - A Beautiful Mind

Приказната започнува во раните години на животот на Неш во универзитетот Принстон. Тој создава оригинална идеја која ќе биде револуција во полето на математиката. Но, уште на почетокот, Неш покажува дека страда од параноична шизофренија и со болка гледа како лошо тоа влијае врз неговата сопруга и пријатели.Plot, Details & Awards - A Beautiful Mind

Филмот беше премиерно прикажан во кино-салите во САД на 21 декември 2001 и беше добро-прифатен од страна на критиката, заработувајќи преку 300 милиони долари на светско ниво, а доби и четири „Оскари“, вклучувајќи го и оној за најдобар филм. Но, доби и неколку критики за неточно прикажување на некои аспекти од животот на Неш.

Наводи

Категорија:Филмови од 2001 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Биографски филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови засновани на вистински настани Категорија:Филмови снимени во Њу Џерси Категорија:Филмови на Рон Хауард Категорија:Филмови со Расел Кроу Категорија:Филмови со Ед Харис Категорија:Филмови со Џенифер Конели Категорија:Филмови со Пол Бетани Категорија:Филмови поврзани со математика Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Филмови на DreamWorks