Ханански јазици или ханански јазици — јазична група која е дел од северозападните семитски јазици од големото семејство на семитски јазици. Овие јазици биле зборувани од древните семитски народи во Ханан и Левант, региони во Блискиот Исток, поточно денешните територии на Израел, Јордан, Египет (Синајски Полуостров), Либан и Сирија.

Општата гледна точка е дека кананските јазици се зборувале од Израелитите, Феникијците, Амонитите, Моавите, Едомитите, Сутејците, Екронците и Амалеците. Хананските јазици престанале да се користат како секојдневни јазици на општење во 1 милениум п.н.е., но сепак хебрејскиот јазик останал да се користи од страна на Евреите во средновековието како литургиски јазик, но и како јазик на еврејската книжевност и трговија. Подоцна, кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, хебрејскиот јазик бил оживеан и станал прв, мајчин, јазик на Евреите во Палестина. Денес, тој е службен јазик на Израел, единствен жив канански јазик, и истиот го зборуваат над 9 милиони луѓе.

Оваа јазична група е значајна во јазичниот и историскиот круг поради тоа што е првата историски документирана јазична група која користела азбука за да го запишан усниот јазик. Исто така, оваа јазична група е една од најраните документирани во историјата.

Класификација Хананските јазици (или дијалекти) се поделени на следниве подгрупи:

Северни феникиски јазик

Јужни хебрејски јазик, заедно со неговите дијалекти: библиски хебрејски, моапски, амонитски и едомитски

Останати Во групата на канански јазици понекогаш се сместуваат и угаритскиот и екронскиот јазик.

Наводи

Литература The Semitic Languages. Routledge Language Family Descriptions. Edited by Robert Hetzron. New York: Routledge, 1997.

Поврзано Семитски јазици Хебрејски јазик Феникиски јазик

Надворешни врски Некои западносемитски натписи Како азбуката е родена од хиероглифите , Biblical Archaeology Review

Ханански јазици Категорија:Семитски јазици Категорија:Мртви јазици во Азија