Тутанкамон (египетски: twt-ˁnḫ-ı͗mn; *tuwt-ʕankh-yamān), вистинско име: Тутанкатен (познат во XIV век пред нашата ера) - египетски фараон (1333-1323 г. пред нашата ера) од осумнаесетта династија.

Дошол на престолот на околку осумгодишна возраст и бил советуван да се пресели назад во Мемфис од Ахетатон, градот на таткото на неговата сопруга и негов претходник, Ахенатон. За време на неговото владеење била вратена традиционалната религија по реформите на Ахенатон. Кратко пред неговата смрт, сѐ уште во своите тинејџерски години, Тутанкамон испратил војска во Сирија со цел да обезбеди помош за сојузот против една група поврзана со хетитите.

Бидејќи неговото име било меѓу „проколнатите“ на кралските списоци на XVIII династија, локацијата на неговиот гроб била заборавена, а просторијата во која бил закопан не била отворена сѐ до 1923 година, кога била пронајдена од страна на Хауард Картер (1873-1939). Благодарение на неговите богатства, Тутанкамон, веројатно, останал најпознат меѓу фараоните и покрај неговата рана смрт и ограничените остварувања.

Семејство

Не е сигурно кои биле родителите на Тутанкамон. Се спомнува дека е кралски син,но не се знае точно од кој крал. Најголемиот број научници смета дека му бил син на Аменхотеп трети или на Аменхотеп Четврти. Кога Тутанкамон го наследил престолот од Акхенатон, Аменхотеп Трети бил веќе мртов. Тутанкамон вледеел со Египет меѓу 9 и 10 години. Испитувањата на неговата мумија покажале дека тој бил многу млад кога умрел. Се претпоставува дека имал само 19 години. До овој заклучок се дошло од испитувањето на неговите заби.

Тутанкамон бил оженет со Анкесенпатен, Акхенатовата ќерка. Анкесенпатен подоцна своето име го сменила во Анкесенамун. Познато е дека имале две ќерки кои биле родени мртви и нивните мумии се наоѓаат во гробницата на Тутанкамон. Египетските научници извршиле ДНК-анализа на две мумифицирани фетуси, пронајдени во гробницата на Тутанкамон за да утврдат дали тие се деца на најпознатиот фараон-дете. Фетусите ги открил британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година, кога и ја открил фараонската гробница. Повеќето научници сметаат дека мајка на фетусите е Анкесенамун, единствата жена на младиот фараон. Анкесенамун инаку била ќерка на Нефертити, која надалеку била позната по својата убавина. Египетските научници соопштија дека постои можност фетусите да не се деца на Тутанкамон. Од друга страна, според старото египетско верување фетусите му помагале на фараонот задгробниот живот да го живее како новороденче.

Владеење

Во третата година од владеењето на Тутанкамон (веројатно во 1331 г.п.н.не, кога тој имал 11 години (веројатно под влијанието на Аи), старата египетска религија повторно станала официјална религија, а Теба повторно е прогласена за главен град. Младиот фараон своето име го променил од Тутенкатен во Тутанкамон. Се претпоставува дека поголемиот дел од неговите одлуки ги донеле други бидејќи тој бил многу млад.

По смртта на Тутанкамон, Акхесенатон се омажила за Аи, можно е под присила и набрзо ја снемува од пишаната историја. Тутанкамон бил наследен од Аи, а небрзо потоа, Хоремхеб, кој ги тргнал поголемиот дел од трагите на владеењето на Акхенатон, Тутанкамон и Аи.

Причини за смртта Причината за смртта на Тутанкамон долго време на била позната. Телото првпат било испитувано од тимот на Хауард Картер, во деведесеттите години на дваесеттиот век. Во 2005 година египеткиот археолог Захи Хавас ги изнел резултатите од истразувањата на Тутанкамоновата мумија кои не укажуваат на фактот дека е тој убиен. Постоела дупка на главата но се смета дека настанала за време на обредите на мумифицирањето. Постојат истажувања која укажуваат на тоа дека Тутанкамон ја скршил ногата и можно е да умрел од нејзина инфекција. Тутанкамон умира во деветнаесеттата година од својот живот. Има и други претпоставки за неговата смрт од маларија во комбинација со наследната болест на коските - некроза.

Ова сознание е резултат на деталните ДНК и радиолошки истражувања спроведени врз неговата мумија, две мумии пронајдени во гробницата на фараонот, како и врз сите познати мумии од 18-та династија, на кој Тутанкамон и припаѓал. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат патолошки значајните и наследни заразни болести во семејството. Дијагнозата за смртта на фараонот е поставена благодарение на генетските испитувања кои ги откриле низата малформации во семејството на Тутанкамон, како што се Кохлеровата болест, која посебно го погодила младиот фараон. Станува збор за ретка болест на коските на стапалата кај децата, поради кои овој дел од телото го губи снабдувањето со крв. Анализата, исто така, покажала трага од паразитот Пласмодиум фалципарум, предизвикувач на маларијата кај Тутанкамон и уште четири испитани мумии, пренесуваат француските медиуми, не наведувајќи од каде го добиле извештајот пред неговото објавување. Резултатите на истражувањето, во среда, во Каиро, официјално ќе ги соопшти д-р Захи Хавас, главен секретар на египетскиот врховен совет за старини.Истовремено, резултатите ќе ги објави и американската медицинска асоцијација. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат и семејните врски, односно досега не сосема познатото потекло на фараонот. Така, утврдено е дека таткото на Тутанкамон, кој умрел на возраст од 19 години по кратко владеење, бил фараонот Аменхотеп- познат и како Ехнатон. Но, анализите покажаа дека е исклучено негова мајка да е легендарната кралица Нефертити. Мајка на фараонот е мумијата КВ35ЅЛ чие име останува непознато.

Археологија Истражувањето на гробницата на Тутанкамон го вршел Картер, а финансирањето на истражувањето било од лордот Карнавон. Истражувањето траело 5 години. Кралската мумија била откриена во октомври 1925, а последниот предмет бил изнесен во ноември 1927. Во гробницата морало да се донесе електрично светло и морала добро да се обезбеди од кражби бидејќи била преполна со злато. Само изнесувањето на златото траело 84 дена. Златото на Тутанкамон сега се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро и сместено е во 12 простории. Тутанкамоновата гробница е сега достапна под неонско светло и во неа се наоѓа саркофаг со позлатена маска на фараонот и во него е и самата мумија на фараонот. На тутанкамоновата гробница пишувало: „Смрт ќе дојде за тие кои го нарушуваат сонот на Фараонот...“

Клетви

Смртта ги косела сите што го вознемирувале сонот на фараонот. Во дворот на една англиска селска куќа сред ноќ почнал да лае пес. Непрекинатото тажно завивање ги разбудило заспаните членови на домаќинството. Кутрото животно не можело да се смири и продолжувало да завива сè додека на крајот, тешко збивајќи, не паднало на земја и умрело. Овој необичен настан се случил во куќата на ценетиот археолог-аматер, педесет и седумгодишниот лорд Карнарвон во Хемпшир. Во мигот кога кучето почнало да вие и самиот Карнарвон се тресел во претсмртна треска, илјада милји подалеку, во една соба во хотелот Континентал во Каиро. Проклетството на детето-фараон Тутанкамон ги зело своите први две жртви. По нив ќе следуваат уште многу други. Проклетството на фараонот му било добро познато на Карнарвон, страсниот египтолог. Се сеќавал на него уште додека во Англија ја планирал својата последна и најголема експедиција за Египет во потрага по баснословната гробница на Тутанкамон полна со скапоцености. Добил предупредување од познатиот мистик од тоа време, гроф Хамон. Пораката гласела: „Лорд Карнарвон не смее да влезе во гробницата. Му се заканува опасност ако не послуша. Ќе се разболи и нема да оздрави. Смртта ќе го стигне во Египет“. Карнарвон се загрижил поради предупредувањето и двапати ги консултирал гатачите кои во двата случаи му претскажале блиска смрт под мистериозни околности. Карнарвон сепак тргнал на пат предводејќи ја експедицијата што требало да претставува круна на неговиот долгогодишен неостварен сон. Стигнувајќи во Египет, се расфрлал со храброст и му се потсмевал на проклетството во кое исплашените домородци, што работеле под негово водство на ископувањето кај Луксор, слепо верувале. Еден од неговите блиски соработници во експедицијата, Артур Вејгал, забележил: „Ако Карнарвон слезе во таа гробница, не му давам повеќе од два месеци живот“. prokletstvo-tutankhamun1.jpg Карнарвон и неговата екипа на 17 февруари 1923 година влегле во посмртната одаја на младиот крал. Во внатрешноста Карнарвон и неговиот американски партнер Хауард Картер нашле богатство за кое не ни сонувале дека постои – злато, скапоцени камења и украси, како и ковчег од чисто злато во кој лежело мумифицираното тело на Тутанкамон. Над гробницата имало натпис што веднаш бил преведен. Пишувало: „Смрт ќе го снајде тој што го нарушува сонот на фараонот“.

Два месеци подоцна, тогаш веќе славниот лорд Карнарвон се разбудил во својата соба во хотелот Континентал велејќи: „Се чувствувам како во пеколот“. Кога му стигнал синот, Карнарвон веќе бил во кома. Умрел истата ноќ. Во мигот кога Карнарвон издивнал, неговиот син се наоѓал во соседната соба. Подоцна рекол за тоа: „Одненадеж, во цело Каиро изгасна осветлението. Запаливме свеќи и се молевме“. Смртта на Карнарвон му била припишана на каснување заразниот комарец москито, што предизвикало воспаление на белите дробови и папсаност на целиот организам. Чудно, велат дека балсамираното тело на кралот Тутанкамон има лузна на левиот образ, точно на местото каде што комарецот го каснал лорд Карнарвон. Набргу потоа во хотелот Континетал умрел и американскиот археолог Артур Мејс, еден од водечките членови на експедицијата, кој се жалел на замор и ненадејно паднал во кома. Умрел пред да можат лекарите да ја постават дијагнозата. Случаите на смрт на египтолозите се нижеле еден по друг. Џорџ Гулд, близок пријател на Карнарвон, побрзал да отиде во Египет штом слушнал за неговата смрт. Гулд исто така ја посетил гробницата на фараонот. Следниот ден добил силна треска и по 12 часа умрел и тој. Радиологот Арчибалд Рид, кој со помош на Х-зраците го испитувал телото на Тутанкамон, бил пратен дома во Англија поради тоа што се жалел на исцрпеност. Набргу потоа умрел и тој. Личниот секретар на Карнарвон во експедицијата, Ричард Бетел, бил пронајден мртов на својот кревет, велат, од срцев удар. Британскиот индустријалец Џоел Вул бил еден од првите посетители на гробницата. Набргу потоа умрел од мистериозна треска.

Во рок од шест години по ископувањето на гробницата на Тутанкамон, умреле 12 луѓе што присуствувале на тоа откритие. По 7 години биле живи само уште двајца од првобитната екипа. И други 22 луѓе што биле во врска со експедицијата умреле предвреме. Меѓу нив и леди Карнарвон и полубратот на лордот. Тој најверојатно извршил самоубиство зашто бил умствено растроен. Еден од преживеаните бил коорганизаторот на експедицијата Хауард Картер. Тој продолжил да му се потсмева на легендарното проклетство и умрел во 1939 година од природна смрт.

Но проклетството на фараонот продолжило да го зема својот данок со години потоа. Директорот на одделението за антика на Египетскиот музеј во Каиро, Мохамед Ибрахим, во 1966 година бил замолен од својата влада да организира изложба на богатството на Тутанкамон во Париз. Тој се противел на тоа решение, зашто сонил дека ќе се соочи со опасност ако богатството на фараонот го напушти Египет. Кога се враќал од последниот неуспешен состанок со претставниците на владата во Каиро, на Мохамед Ибрахим налетал автомобил и го усмртил.