781 п.н.е. За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето. 1896 Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“. 1917 Доделени се првите Пулицерови награди во САД. 1920 Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и населението. 1944 Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим. 1989 Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството. 1989 „Солидарност“ победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа. 2010 Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама.
4 јуни