Арамејски (сириски: ܐܪܡܝܐ‎, хебрејски: ארמית) — јазик, или група сродни јазици кои се дел од афроазиското јазично семејство, а дел од групата на семитски јазици. Јазиците се зборувале и се зборуваат во регионот на Блискиот Исток. Името на јазикот потекнува од името „Арам“Oxford English dictionary, http://oed.com/viewdictionaryentry/Entry/10127, стар регион во централна Сирија. Арамејскиот јазик е сроден со хебрејскиот, хананскиот и феникискиот јазик. Арамејскиот јазик се пишувал со арамејско писмо, кое пак било прифатено од поголем број семитски јазици. Како резултат на тоа, денес се широко распространети арапското и хебрејското писмо.

Арамејскиот има околу 3.000 години пишана историја.Aramaic appears somewhere between 11th and 9th centuries BC. Beyer (1986: 11) suggests that written Aramaic probably dates from the 11th century BC, as it is established by the 10th century, to which he dates the oldest inscriptions of northern Syria. Heinrichs (1990: x) uses the less controversial date of 9th century, for which there is clear and widespread attestation. Во текот на историјата јазикот бил главен административен јазик на неколку империи во регионот, јазик на секојдневието и јазик на религијата. Арамејскиот бил јазик за секојдневна употреба во Израел за време на периодот на „Вториот храм“ (539 п.н.е. - 70 г.), а како најзначаен податок е тоа што арамејскиот бил мајчин јазик на Исус Христос. Дополнително на тоа, поголем дел од библиските книги на Даниел и Езра биле напишани на арамејски, а исто така арамејскиот бил главен јазик на Талмудот.Beyer 1986: 38–43; Casey 1998: 83–6, 88, 89–93; Eerdmans 1975: 72. Сепак, важно е да се напомене дека јудеоарамејскиот јазик се разликувал од останатите арамејски форми по зборовите и граматика.

Долгата и разновидна историја на арамејскиот јазик, како и широката територија на која се користел јазикот, довеле до развој на различни јазичи варијанти и форми кои некои јазичари ги нарекуваат дијалекти. Сепак, овие „дијалекти“ се толку различни едни од други што може да се сметаат за засебни јазици. Така, не постои еден унифициран арамејски јазик, бидејќи секој временски период и во секое место се развивале засебни форми. Арамејскиот е зачуван како литургиски јазик во Источните христијански цркви, претежно во лицето на сирискиот јазик. Денес голем број од арамејските заедници користат јазик кој подоминантен од арамејскиот.

Современиот арамејски јазик е мајчин јазик на голем број расштркани, мали и во голема мера изолирани заедници кои се следбеници на христијанството, јудаизмот или мандејството во Западна АзијаHeinrichs 1990: xi–xv; Beyer 1986: 53.. Најбројни се Асирците и тие зборуваат на асирски новоарамејски јазик и калдејски новоарамејски јазик. Денес арамејските јазици се зметаат за загрозени јазици.

Име

Името на јазикот потекнува од стариот библиски регион „Арам“ кој се наоѓал во централна Сирија. За старите арамејски јазици се користи поимот „арамејски јазици“, додека за современите се користи помот „новоарамејски јазици“.

Распространетост

За време на новоасирскиот и нововавилонскиот период, Арамејците започнале да се населуваат во голем број, првично во Вавилон, а подоцна во Асирија (денес северен Ирак, североисточна Сирија, северозападен Иран и источна Турција). Како резултат на големата емиграција, Новоасирското Царство и Калдејската династија на Вавилон станале двојазични кога се однесува на пишаните документи, односно арамејски и акадски. Како што овие две империи, а подоцна и Ахеменидското Царство, ја зголемувале својата доминација во регионот, арамејскиот јазик станал „лингва франка“ во поголемиот дел на Западна Азија и Египет.Richard, 2003, p. 69. Од доцниот 7 век па навака, арамејскиот јазик постепено почнал да го губи статусот на „лингва франка“ за сметка на арапскиот јазик. Како и да е, арамејскиот јазик останал зборуван, пишан и литургиски јазик меѓу Асирците, Евреите, Мандејците и некои сириски христијански заедници. Денес јазикот се зборува од страна на Асирците и Мандејците во Ирак, Сирија, Турција и Иран и од страна на асирската дијаспората во Ерменија, Грузија, Азербејџан и Русија. Меѓу сириските Христијани, иако денес претежно зборуваат арапски, има мал број луѓе кои зборуваат на западноарамејски јазик. За време на минатите два века, особено за време на Асирскиот геноцид, голем број од асирските говорници се расштркале низ светот. И покрај тој факт, денес во Ирак има градови каде арамејскиот е доминантен јазик и такви градови се Алкош, Бахдида, Бартела, Тел Ескоф и Тел Кепе на пример.

Дијалекти

Кога се зборува за арамејскиот јазик, често се мисли дека е еден единствен јазик. Сепак, во реалноста поимот „арамејски јазик“ опфаќа група на многу сродни и слични јазици, или како што некои јазичари ги именуваат, дијалекти. Како еден единствен унифициран јазик арамејскиот никогаш не опстојувал. Така на пример, некои арамејски јазици сè до толку различни што таква различност меѓу јазици нема и во романската група јазици од индоевропското јазично семејство. Долгата историја на јазикот, ицрпната книжевност и употребата на јазикот од различни религиски заедници се само некои фактори кои придонеле за различноста меѓу постоечките јазици. Некои арамејски дијалекти се слични, но некои не. Како што е присутна јазичната различност, така се присутни и сосема различни имиња за јазиците. Така на пример има сириски јазик, поим кој се користи да се означи источноарамејскиот јазик кој го зборуваат асирските христијани во Ирак, јужна Турција, североисточна Сирија и северозападен Иран. Повеќето од арамејските дијалект/ јазици можат да бидат поделени на источни или западни. Границата меѓу источните и западните дијалекти е реката Еуфрат, или нешто позападно од оваа река. Понатака, важно е да се напомене дека треба да се прави разлика меѓу старите (изумрени) арамејски јазици и современите (живи) арамејски јазици. Современите јазици често се именуваат како „новоарамејски“. Историски гледано, развојот на јазиците е поделен на три дела: „современ“, „среден“ и „стар период“.

Писмо

Најстарата арамејска азбука е заснована на феникиската азбука. Со тек на времето, таа првична азбука се развила во препознатливиот квадратест стил. Старите израелски и ханански народи ја присвоиле оваа азбука, или писмо, за нивните јазици. Така, денес во широка употреба се наоѓа хебрејското и арапското писмо. Арамејското писмо се користело за библискиот арамејски јазик и останати еврејски пишани дела.

Покрај стандардното арамејско писмо, арамејските христијани развиле и друго ракописно писмо кое е познато како сириска азбука. Следбениците на Мандејството развила свое писмо познато како мандејска азбука.

Покрај овие две писма, од арамејското писмо се развиле уште неколку стари азбуки, меѓу кои: набатејската азбука во Петра и палмирската азбука во Палмира.

арамејска азбука , МФА

Развојни фази Според Клаус Бејер, историјата на арамејскиот јазик е поделена на три големи периоди:

староарамејски јазик (1100 п.н.е. –200), и ги опфаќа: библиски арамејски јазик (од Хебрејската Библија. арамејскиот јазик на Исус Христос средноарамејски јазик (200–1200), и ги опфаќа: сириски јазик арамејскиот јазик од Талмудот, Таргумот и Мидрашот. мандејски јазик современ арамејски јазик (1200–денес), и опфаќа: различен број јазици и јазични форми

Староарамејски јазик

Поимот „староарамејски јазик“ се користи за да се означат јазични варијанти на арамејскиот од неговата прва позната употреба па сè до моментот кога се воздигнало Саснидското царство (224 г.). Така, овој поим опфаќа тринаесет векови развој на јазикот. Претежно под поимот „староарамејски“ се опфаќаат сите арамејски јазици и дијалекти кои денес се исчезнати.

Главен момент за развојот на староарамејскиот јазик бил неговото официјализирање во Ахеменидското Царство (500 - 330 г.п.н.е.). Периодот пред официјализирањето на јазикот во ова царство понекогаш се нарекува „древен период“. За време на тој период, арамејскиот се зборувал само во арамејските градови-држави, но подоцна се издигнал како јазик на трговијата и дипломатијата во Месопотамија, Левант и Египет. По падот на Ахеменидското Царство, локалните разговорни варијанти на арамејскиот јазик се истакнале, а со тоа се овозможило развој на различни пишани стандарди.

Древен период

Древниот период, или понекогаш именуван како „древноарамејски јазик“, се однесува на најстариот познат период на арамејскиот јазик. Ово период започнува со почетоците на јазикот па сè до моментот кога јазикот станал „лингва франка“ во т.н. плодна полумесечина - регион во Блискиот Исток. Јазикот бил како прв јазик во арамејските градови Дамаск, Хама и Арпад.

Најраните докази за постоењето на јазикот потекнуваат од 10 век п.н.е. Овие натписи се претежно дипломатски документи меѓу различните арамејски градови-држави. Според податоците, се утврдило дека раната арамејска азбука најверојатно потекнува од феникиската и постои единство при пишаниот јазик. Со текот на времето, подобрување на азбуката се вршела според потребите на јазикот. Оваа азбука се усовршувала во источните региони на Арам. Интересно за арамејскиот јазик е тоа што со доминацијата на Новоасирската империја врз Арам под водство на Тиглат-Пилесер III во средината на 8 век, јазикот не бил потиснат од акадскиот, туку напротив, станал лингва франка во новата држава.

Од 700 г.п.н.е. јазикот започнал да се расширува низ сите страни во регипнот, но поради тоа ја изгубил својата хомогеност. Како директна последица на расширувањето на јазикот настанале, или се развиле, различни дијалекти во Асирија, Вавилон, Левант и Египет. Како и да е, арамејската варијанта од Асирија, која била под акадско влијание, и арамејскиот дијалект од Вавилон се издигнале на повисоко ниво. За овие дијалекти во Втората книга на Кралевите се споменува дека Хезекија (кралот на Јудеја) преговарал со асирските амбасадори на арамејски бидејќи така обичниот народ немал да разбере. Во околу 600 година, Адон (ханански крал), го користел арамејскиот јазик при дописките со египетските фараони. Арамејскиот дијалект во Вавилон е познат под името калдејски арамејски јазик.

Кралски период

Во околу 500 г.п.н.е., по ахеменидското освојување на Месопотамија под водство на Дариј I, арамејскиот во таа форма каква што се користела во регионот, бил усвоен од освојувачите како „средство за пишана комуникација меѓу различните региони од распространетата империја со своите различни народи и јазици. Употребата на еден единствен службен јазик, кој современите научници го именувале како „официјален арамејски“ или „кралски арамејски“, може да се претпостави дека имал удел во голем дел за зачудувачкиот успех на Ахеменидите при зачувување на нивната распространета империја обединета за период колку што опстојувале“. p. 251 Во 1955 година, Ричард Фрај ја ставл под знак прашалник класификацијата на „кралскиот арамејски“ како „официјален арамејски“, додавајќи дека нема зачувано доказ каде недвосмислено се потврдува статусот на некој јазик. p. 457. Фрај го класифицирал „кралскиот арамејски“ како „лингва франка“ на ахеменидските територии, и додал дека употребата на арамејскиот јазик за време на ахеменидската ера била посилна одошто се мислело.

Кралскиот арамејски вил високо стандардизиран. Неговиот правопис повеќе се засновал на историските корени, одошто на зборуваните дијалекти, и неизбежното влијание на персискиот јазик му дал на јазикот новa јасност и голема флексибилност. Со векови по падот на Ахеменидското Царство (во 331 г.п.н.е.), кралскиот арамејски, или верзија слична на неа, влијаеле врз различни ирански јазици. Арамејското писмо и арамејскиот зборовен фонд ќе опстојат како основна одлика на палавиското писмо.