Радиум — хемиски елемент, најтежок земноалкален метал, хемиски симбол Ra, атомски број 88. Бил откриен од Марија Кири и нејзиниот сопруг Пјер Кири во 1908 година и изолиран до 1910 година. Сите негови изотопи се радиоактивни.

Радиумот не се наоѓа слободно во природата туку се наоѓа во природните руди како што е ураниумовиот оксид или како производ во распаѓање во радиоактивното распаѓање на потешките елементи , вклучувајчи го и ураниумот. Хемиски тој е високо реактивен и има валентност 2 во сите негови соединенија.

Неговата употреба во медицината се намали поради неговата цена и неговата употреба во потрошувачките производи (да ги осветли стрелките на рачните и ѕидните часовници како и за бројчаниците во инструментите беше запрена бидејќи може да предизвика повреди со своето зрачење. Сѐ уште се користи за некои радиографии и како извор на неутрони.

Поврзано Периоден систем на елементите Радиоактивност Терапија со зрачење Радиологија Јадрена медицина

Надворешни врски

WebElements.com - Радиум lateralscience.co.uk - Откривањето на радиумот Photos of Radium Water Bath in Oklahoma NLM Hazardous Substances Databank – Radium, Radioactive

Категорија:Хемиски елементи Категорија:Земноалкални метали