Ангели () — аргентинска младешка теленовела, која во Македонија прво се прикажувала на А1-телевизија, а потоа на телевизија „Сител“. Теленовелата во Аргентина својата премиера ја имала на 21 март 2007, но после нејзиниот голем успех била најавена и втората сезона, која започнала неколку месеци по завршувањето на првата т.е. после 15 ноември 2007. Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломе и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да избегат од моменталниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат. Серијата имала огромен успех во Аргентина, но најголема причина е творецот на серијата, Крис Морена, кој ги создал многу популарните Млади бунтовници, Флорисиента, Пиратска душа и др. Глумечката постава од серијата има основано и музичка група Teen Angels, која ги задоволува обожавателите со концерти и има голем успех насекаде низ светот.
Улоги
Глумци ЛиковиЕмилија Атијас Сиело Махико/Анхелес Инчаусти (1 и 2 сезона) Паз Бауер (3 сезона и 1-5 епизода од 4 сезона)Николас Васкес Николас „Нико“ Бауер (1 и 2 сезона)Маријано Торе Камило Естрежа (3 сезона)Хуан Круз Јорк (2 и 3 сезона)Химена Барон Есперанса „Хоуп“ Бауер (3 и 4 сезона)Питер Ланзани Тиаго Бедожа Агуеро (1,2,3,4 сеозна)Маријана Еспозито Маријанела „Мар“ Таљарико Риналди (1,2,3,4 сезона)Марија Еухенија Суарез Хасмин „Хас“ Ромеро (1,2,3,4 сезона)Гастон Далмау Рамиро „Рама“ Ордоњес (1,2,3,4 сезона)Николас Риера Хуан „Тачо“ Моралес (1,2,3,4 сезона)Кандела Ветрано Естефанија „Тефи“ Елорди Риналди (1,2,3,4 сезона)Пабло Мартинес Симон „Сајмон“ Родригес Арачавалета (2,3,4 сеозна)Викторио Д'Алесандро Лука Франчини (2,3,4 сеозна)Росио Игарзабал Валерија „Вале“ Гутиерес (2,3,4 сеозна)Марија Дел Серо Мелоди „Мел“ Паз (2,3,4 сеозна)Агустин Сиера Игнасио „Начo“ Перес Алзаменди (1,2,3,4 сеозна)Бенхамин Амадео Тео Горки (3 и 4 сезона)Даниела Аита Каридад „Кари“ Мартинес Куеста (2 сеозна, 30 епизоди од 3 сезона, епизода 105 од 4 сезона и во последната епизода)Стефано де Грегорио Леон „Жека“ Бенитес (1,2,3,4 сезона)Даниела Колини Франсиска „Кика“ Заната (3 и 4 сезона)Паула Река Луна (3 сезона)Макси Река Педро (3 сезона)Хаиме Домингез Хаиме (3 сезона и предпоследна епизода од 4 сезона)Агустина Кордова Сол (3 сезона)Алехо Гарсија Пинтос Бартоломе Бедожа Абдон Болестао Артемио Агуеро (1 и 2 сезона)Хулија Калво Хустина Мерарда Мартинес Гарсија (1,2,3 и во последната епизода)Фелиситас „Фели“ (1 и 2 сезона) Алма (една епизода од 3 сезона)Химена Акарди Малвина Бедожа Агуеро (1 и 2 сезона)Лукас Фераро Маркос Ибарлусија (1 и 2 сезона)Херардо Чендо Могли (1, крајот на 2 сезона и во последната епизода на 4 сезона)Мануела Пал Франка Мајерхолд (2 сезона)Николас Паулс Салвадор Кирога Хармс (2 сезона)Лукас Креспи Хуан Далмасио (3 сезона)Томас Рос Томи Дунстер Кристобал „Крис“ Бауер (1 и 2 сезона) (Гостин глумец во 4 сезона - возрасен Кристобал)Назарено Антон Матео „Монито“ (1 и 2 сезона)Гуадалупе Антон Алели Ордоњес (1 и 2 сезона)Флоренсија Кагнасо Мерцедес Фунес Луз Инчаусти (1 и 2 сезона) (3 и 4 сезона - возрасна Луз)
Албуми
Teen Angels 2007
# Наслов Изведува 01 "Voy Por Más" Teen Angels и Emilia Attias 02 "No Te Rindas" Emilia Attias 03 "Dos Ojos" Emilia Attias и Nicolás Vázquez 04 "Casi Ángeles" Emilia Attias 05 "Valiente" Emilia Attias 06 "Che Bombón" Teen Angels 07 "Para Vos" Emilia Attias 08 "Todo Puede Ser Mejor" Nicolás Vázquez 09 "Tu Cielo" Nicolás Vázquez 10 "Escaparé" Mariana Espósito 11 "Ángeles Del Mundo" Teen Angels 12 "Te Amaré Por Siempre" Emilia Attias и Nicolás Vázquez 13 "Reina Gitana" María Eugenia Suárez 14 "Nenes Bien" Teen Angels 15 "Un Ángel" Emilia Attias 16 "Tan Alegre El Corazón" Emilia Attias и Teen Angels
Teen Angels 2008 # Наслов Изведува01"A Decir Que Si"Teen Angels02"A Ver Si Pueden"Teen Angels03"Hay Un Lugar"Mariana Espósito04"Un Paso"Teen Angels05"Señas Tuyas"Emilia Attias и Nicolás Vázquez06"Nena"Peter Lanzani07"Puedo Ser"Mariana Espósito и María Eugenia Suárez08"Río De Besos"Emilia Attias09"El Espejo"Gaston Dalmau10"No Más Goodbye"Teen Angels11"De Cabeza"Peter Lanzani12"Alguien"Nicolás Vázquez13"Estoy Listo"Teen Angels
Teen Angels 2009
# Наслов Изведува01 "Que Nos Volvamos A Ver"Teen Angels02 "Quién"Teen Angels03 "Te Perdí"María Eugenia Suárez04 "Cual"Teen Angels и Paz05 "Una Vez Más"Peter Lanzani06 "Hoy"Teen Angels07"Vuelvo A Casa"Teen Angels08"Pensando En Vos"Gastón Dalmau09"Un Día Más"Man10"Cuando Llegue Tu Amor"Emilia Attias и Mariano Torre11"Salvar La Paz"Teen Angels, Emilia Attias и Jimena Baron12"Siento"Mariana Espósito13"Por El Sí"Teen Angels14 "Casi Un Sueño"Pablo Martinez
Teen Angels 2010
# Наслов Изведува01 "Vos Ya Sabes"Teen Angels02 "Donde Estás"Peter Lanzani03 "Quiero Salir Del Paraíso"Mariana Espósito и María Eugenia Suárez04 "Me Voy"Mariana Espósito05 "Estoy Aquí Otra Vez"Teen Angels06 "Cambiar De Aire María Eugenia Suárez и Веnjamin Amadeo07"Hoy Te Ví"Teen Angels08"Abre Tus Ojos"Gastón Dalmau и Rocio Igarzabal09"Solo Amigos"Man10"Resiste"Teen Angels11"Por Eso Estoy Preso"Teen Angels12"Miedo A Perderte"Teen Angels13"Bravo Por La Tierra"Teen Angels
Teen Angels 2011 # Наслов Изведува 1 Que llegue tu voz Teen Angels 2 Y si alguna vez Teen Angels 3 Mirame, mirate Teen Angels 4 Loco Teen Angels 5 Mi corazon Teen Angels 6 La vida es mejor cantando Teen Angels 7 Dime por que Маријана Еспосито 8 Me envenena Teen Angels 9 Demaciadas veces Teen Angels 10 Pensando en vos Teen Angels 11 Que llegue tu voz Teen Angels Синопсис
Прва сезона Првата сезона ги претставува најосновните односи на ликовите. Се запознавме со Сиело Махико, која поради игри на судбината се вработува како слугинка во една куќа. Каде поради сплет на околностите, го запознава младиот и згоден археолог Николас Бауер. Кој претставува нејзин главен љубовен интерес. Дејството во поголем дел се центрира околу злобните планови на сопствениците на куќата, Бартоломе „Барто“ Бедожа Агуеро и неговата верна помошничка и подоцна љубовничка Хустина Гарсија.
Двајцата во очите на народот водат дом за деца, кои ги третираат одлично, додека скришум ги малтретираат, злоупотребуваат и експлотираат, изложувајќи ги на тежок уличен живот и кражба. Четири од децата се тинејџери и тоа: Маријанела, Рама, Тачо и Хасмин. Мар претставува млада девојка која вљубена во синот на Бартоло, Тијаго не ја забележува љубовата од Рама. На нејзиниот пат стојат Тефи, Начо и другите другари на Тијаго од високото друштво. Рама е младо момче кое заедно со својата помлада сестра Алели се обидува да живее нормален живот, несреќно вљубен во Мар. Тачо е најцврстото и најсилното дете од сите деца и е вљубен во Хасмин. Хасмин пак од друга страна е циганка која е доста суеверна и секогаш подготвена на разни цигански игри и ритуали, која е ставена во средина на љубовен триаголник од Тачо и младиот богаташ од соседството Начо.
Покрај сè, најважни работи во оваа сезона се обидите на Барто и Хустина за Сиело да не ја открие вистината за своето потекло, ниту пак својата скриена сестра во подрумот на куќата за која дури ниту Барто не знае. Малвина сестрата на Барто претставува главна пречка помеѓу Сиело и Нико, заедно со штотуку дојдениот археолог во соседтвото Марк, која подоцна служи како главен антагонист во серијата после Барто, со откривањето на својот вистински идентитет Ибралусија.
Втора сезона Сезоната започнува три месеци по настаните од првата сезона. Сиело која претходно беше апсорбирана од куќниот часовник, е мистериозно исчезната, а всушност е во влезена во нова димензија каде го запознава Тик-Так таканаречениот ангел чувар, кој ја подготвува за понатамошните опасности, кои во тоа време не се откриени.
Николас Бауер по загубата на Сиело решава да ги пронајде исчезнатите Малвина и Кристобал, со што ангажира специјален тим со кој ги бараат насекаде, не знаејќи дека се загубени во шумата во која тимот се наоѓа. Нико по патот да ги пронајде наидува на свој далечен пријател Салвадор со чија помош ја продолжува потрагата. На крајот ги наоѓа токму навреме кога Малвина добива породилни болки, и Нико и помага во пораѓањето со што на свет ја донесува својата ќерка Есперанса.
Во меѓувреме во куќата која сега е под раководство на Нико, е целосно трансформирана во вистинско весело место со помош на Фелиситас, која решава да остане да живее во куќата. Истовремено Тијаго, Мар, Рама, Хасмин и Тачо со новото училиште се на одмор на кој му се ближи крајот. Таму нивните врски се ставени на тест, некои од нив откриваат и нови љубовни интереси, а се раѓаат и соперништва.
Како главен антагонист во првата половина од сезоната се појавува Франка. Мистериозна и бестрашна, но прекрасна млада девојка која привлечена од неодамнешните електромагнетни полиња околку куќата на Сиело решава да се пресели во поранешната куќа на Николас Бауер. Таа тајно работи за скришна организација позната под името „CC“. Заедно со својот помошник Лука кој го тера да се влезе во куќата како уште еден невин бездомник малку помалку вградува импланти на секој од децата. Уште од првата епизода тајната корпорација ја киднапира Фелиситас за време на нејзината посета на својата сестра Хустина и ја става во затвор на местото на Хустина и обратно. Со што Хустина преправена во Фели навлегува во куќата и почнува да соработува со Франка.
По потребното обучување на Сиело, таа се наоѓа сама и напуштена повторно во нормалата и го запознава Салвадор, пријателот на Нико, со кој развива цврста врска која завршува со брак на кој конечно Нико открива дека жената со која Салвадор се жени е исчезната Сиело која не покажува знаци дека воопшто памети некој од својот минат живот. Нико не можејќи да се сноси со загубата на Сиело (пред да дознае каде е) се препушта на страста и започнува врска со својата соседка Франка која почнува да манипулира со него.
Дејството кулминира во средината на сезона каде Франка е разоткриена и е откриено дека над неа постои посилен човек кој раководи со целата корпорација под името Хуан Круз. Од овој момент па натаму се редат низа настани поврзани со Хуан Круз, кои конечно доведуваат до неговото разоткривање и финална пресметка помеѓу него и Тијаго, кој всушност излегува негов син.
Меѓу гореспоменатите настани помеѓу помладите улоги се раѓаат нови врски и соперништво. Исто така се претставени и нови ликови во оваа сезона. Симон, младо и чесно момче кое се вљубува во Мар, а е истот така најдобар другар на Тијаго што доведува до љубовен триаголник. Мелоди, за која Мар дознава дека е всушност девојката со која Тијаго имал летна авантура, се појавува во градот и решава да ја обнови својата врска со Тијаго, што создава уште еден триаголник. Набргу Мар и Тијаго ги прекинуваат своите врски и започнуваат заедничка врска со таа цел повеќе да не страдаат. Ова доведува до оддалечување на Симон од останатите и до зближување на Мелоди со Тефи и останти ученици од средното училиште. Тефи (негативец од прва сезона) заедно со другите се преселува во куќата на Нико бидејќи нејизната мајка не е во градот, и иако во првата сезона изгледа како површна личност подоцна во втора сезона дознаваме нешто повеќе за нејзиниот лик и причините за нејзините постапки. На крајот испаѓа дека и е сестра на Мар (и како сестрите Риналди заедно се многу посилни) и Лука (инфилтриран во куќата од страна на Франка) се заљубува во Тефи и полека престанува да биде од страна на организацијата "СС".
Меѓу овие ликови воведени се и други ликови меѓу кои: Каридад, Валерија, Мат, Чарли, Кендра и др. Каридад е млада девојка од провинција која се вселува во куќата. Валерија е девојка која служи како љубовен интерес на Рама која исто така се вселува во домот. Мат служи како љубовен интерес на Хасмин на почетокот од сезоната. Чарли претставува уште еден член на корпорацијата „CC“, кој и помага на Франка, а подоцна и и ја зазема и нејзината позиција, и Кендра која е воведена во средината на сезоната и се претставува како мајката на Тијаго, која боледува од тешка болест, скришум работејќи за Хуан Круз.
Трета сезона