Сиена () — италијански град, сместен во регионот Тоскана, средишна Италија. Градот претставува главен град на покраината Сиена. Градот е познат по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил.
Овој град бил изграден како римска колонија во времето на царот Октавијан Август.
Сиена е позната по својата кујна, уметност, музеи, средновековниот изглед и натпреварот со коњи познат како Палио, кој се одржува двапати годишно, на 2 јули и 16 август. Се работи за коњска трка во која учествуваат по десет претставници од сиенските квартови или таканаречените контради (итал. contrade). Победничкиот кварт ја прославува победата со банкет до раните утрински часови.
Историскиот центар на Сиена бил прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство. Градот претставува една од најпосетуваните туристички одредишта во земјата, со преку 163.000 меѓународни посетители во 2008.
Меѓународни односи Збратимени градови
Сиена е збратимена со:
Авињон, Франција Вајмар, Германија, од 1994 Вецлар, Германија, од 1987 Бафало, САД, од 1961 Вудсток, САД, од 2011
Наводи
Надворешни врски
Официјална виртуелна тура Сиена - Map It Out! Карта на Сиена со главните знаменитости, музеи, продавници и ресторани Слики од Сиена Карта на Сиена Туристички водич за Сиена Покраина на Сиена Универзитет во Сиена Универзитет за странци во Сиена Државен архив на Сиена Народен Сиенски Универзитет Фондација Монте Деи Паски од Сиена Портал посветен на младите кои студираат во Сиена Трговска Комора од Сиена
Категорија:Градови во Италија Категорија:Градови во Тоскана Категорија:Општини во Сиена (покраина) Категорија:Светско наследство во Италија