Љиљана Петровиќ (р. 1959; ) — српска јавна фигура. Најпозната е во јавноста како музички менаџер на македонскиот пејач Тоше Проески. Служела како негов менаџер во периодот меѓу 2003-2006 г. заедно со работникот за албанска мафија Ласто Николовски, создавајќи лажни студија Љиља ателје Прековиќ во Љубљана, Словенија.

Петровиќ низ годините била дел од скандали со перење пари, кражба, клевета, навреда, нарушување нечија репутација, емоционално и физичко злоупотребување, бегање од лицето на правдата. Била однесена на суд од страна на бившата ракометарска играчка Андријана Будимир, последната девојка на Тоше, која сакала на јавноста да ѝ ја прикаже нејзината посесивност и нејзините злодела. Нејзините криминални дејности ѝ станале познати на јавноста преку работата на хрватски новини и на пожртвуваноста на македонскиот новинар Зоран Божиновски.

Приватен живот

Петровиќ изјавила дека ги следела традициите на православно христијанство по смртта на Проески. Во периодот по неговата смрт, живеела во елитната населба во Злокуќани кадешто тој ја имал својата населба.

Наводно имала љубовна афера со министерот за надворешни работи на Кипар Ставрос Августидес со когошто поминала време на островот на Кипар. Поради илегалните активности, морала да избега во Атина. Исто така служела како кума на пејачката Биљана Крстиќ. Таа дошла на идејата за песната „Зајди, зајди“ со Проески. Така тие двајца стигнале да соработуваат.

Според статија објавена во 2017 во весникот Новости, Петровиќ е омажена. Петровиќ е пушач.

Петровиќ започнала незаконски да вози кога имала 13 години. Била дел на Базар релије и се натпреварувала за Нишкиот клуб Сафари. Исто така присуствувала на натпревари меѓу 22 и 26 години, активности кои ги правела криејќи се од своите родители. Исто така учествувала во спелеологија и купувала оружја за да им ги дава на ловци пред да добие дозвола за нивно користење.

Поврзано Ласто Николовски

Наводи

Дополнителен материјал

Категорија:Живи луѓе Категорија:Срби