алт=„Лето со Моника“ - „Приказната за лошо девојче“, филмски постер во САД 1956 година.|мини|„Лето со Моника“ - „Приказната за лошо девојче“, филмски постер во САД 1956 година. Лето со Моника () е шведски филм од 1953 година, режиран од Ингмар Бергман (Ingmar Bergman), според сценариото на Пер Андерс Фогелстром (Per Anders Fogelström). Главните улоги во филмот ги толкуваат: Хариет Андерсон (Harriet Andersson), Ларс Екборг (Lars Ekborg), Дагмар Ебесен (Dagmar Ebbesen), Џон Харисон (John Harryson) итн. Филмот, кој трае 96 минути, е снимен во црно-бела слика и со моно звук, во продукција на Шведската филмска индустрија (Svensk Filmindustri). Буџетот на филмот изнесувал 484 000 шведски круни.IMDB - Summer with Monika (1953), (пристапено на 4.5.2014)The Criterion Collection (пристапено на 4.5.2014)Rotten Tommatoes - Summer With Monika (Sommaren med Monika) (1953), (пристапено на 4.5.2014)
Заплет Приказната започнува со работничкиот дел на Стокхолм. Деветнаесетгодишниот Хари Лунд (го игра Ларс Екборг), кој на осумгодишна возраст останал без мајка, работи во фабрика за стакло, а Моника Ериксон (ја игра Хариет Андерсон) е продавачка во локалната продавница. Хари не е претерано добар работник, бидејќи постојано доцни на работа и неуредно ги извршува работните задачи. Моника е дива, неодговорна девојка, која е заинтересирана само за забава. Хари и Моника се вљубуваат еден во друг, а кога Моника ќе западне во домашни неволји, заедно со Хари даваат отказ до работните места и заминуваат во Стокхолмскиот Архипелаг, каде го поминуваат летото. Кога крајот на летото ги принудува да се вратат дома, Моника открива дека е бремена. По враќањето во Стокхолм, тие се венчаваат, а потоа Моника раѓа женско бебе. Хари, во обид да постапи правилно, се вработува и истовремено студира за да го обезбеди семејството. Но, Моника е незадоволна со нејзината улога на домаќинка и од сиромашниот живот. Таа не сака ниту да работи, ниту да се грижи за бебето, туку копнее за возбуда и авантура. Еднаш, додека Хари е отсутен во период од неколку дена, Моника се впушта во авантура со своето поранешно момче Леле (го игра Џон Харисон). Кога Хари се враќа дома, го открива неверството и меѓу нив започнува кавга. Тој ја удира Моника и таа ги напушта Хари и бебето. Поради неплатената кирија, Хари мора да го напушти станот и тој решава да се врати дома кај татко му.<ref IMDB - Summer with Monika (1953), (пристапено на 4.5.2014)</ref>
Наводи
Надворешни врски YouTube - Summer with Monika (1953)
Категорија:Шведски филмови Категорија:Филмови од 1953 година Категорија:Филмови на шведски јазик Категорија:Филмови на Ингмар Бергман Категорија:Филмови со Хариет Андерсон Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Стокхолм Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Шведска Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови од 1955 година