Компир (науч. Solanum tuberosum) — растение од видот скриеносеменици од семејството зрнцовидни (Solanaceae). Се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Видот бил припитомен во јужниот дел на територијата на денешно Перу,Генетски податоци за единствениот случај на доместификација на компирот а во Европа го донеле Шпанците во средината на XVI век.

Ботанички опис на растението

Компирот е повеќегодишно тревесто растение, од животниот облик геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на плодните врсти се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето.

Историја Припитомувањето на компирот било предмет на големи претпоставки. Примероците што ги опишал Карл Линеј припаѓале на подвидот -{S. tuberosum ssp. tuberosum}- кој расте во шумите на архипелагот Чилое.

Меѓутоа, археолошките докази сепак не наведувале на никакви конкретни и дефинитивни заклучоци, што одело во прилог на можната теза за „двојно потекло“ на компирот, со главен средиште на Андите во Перу и Боливија, и со споредно средиште во Архипелагот Чилое-{Вавилов, Николай И. (Vavilov, Nikolai I) ( 1987), Учение о происхождении культурных растений после Дарвина, Ленинград: Советская наука}- . што ја предложил ботаничарот и генетичар Николај Иванович Вавилов во својата студија за географијата на припитомените растенија. Во склад со оваа теорија, еден подвид потекнува од висорамнините каде Инките и Тиванаките веројатно го припитомиле во 7. милениум п.н.е., додека другата потекнува од архипелагот Чилое.

Контроверзата била разрешена во 2005 година, кога била објавена генетска студија што ја водел и спровел ботаничарот Дејвид Спунер од Универзитетот во Висконсин. Спунер е стручњак кој работи на Отсекот за земјоделство во САД. Преку анализи на генетските ознаки кај околу 360 видови компир, тој заклучил дека „сите видови што се одгледуваат денес потекнуваат од припитомувањето -{S. bukasovii}- од југот на Перу и западна Боливија“, што се случило пред околу 8000 години п.н.е.

Многу од овие видови потекнуваат од чилеанскиот хибрид добиен со вкрстување на овој вид и една дива врста што растела во пампите-{Spooner, David M.; McLean, Karen; Ramsay, Gavin; Waugh, Robbie; y Bryan, Glenn J. (2005): "A single domestication for potato based on multilocus amplified fragment length polymorphism genotyping", en Proceedings of the National Academy of Sciences, vol. , Nº 102.}-, со што се добила -{S. tuberosum ssp. tuberosum}-, од која денес потекнуваат најмалку 286 домашни видови,-{Proyecto UACh-FIA busca rescatar variedades de papas chilotas, Facultad de Ciencias Agrarias UACh (On line )}- [март 2007] што во секој случај не ги прави задолжително-{Contreras M., Andrés, Germoplasma chileno de papas (Solanum spp.) , Instituto de Producción y Sanidad Vegetal, Universidad Austral de Chile, Facultad de Ciencias Agrarias UACh (On line)}- март 2007. предци на илјадници други вариетети на овој подвид што денес постои и најмногу се одгледува во светот.-{Turner, Stephen and Molyneaux, Heather (2004), Agricultural Science, Potato Breeding, and the Fredericton Experimental Station, 1912-1966, Acadiensis [Online], vol. 33 nº 2}- март 2007. Основна разлика меѓу овој и -{S. tuberosum ssp. andigena}-, првобитниот компир од перуанските Анди, е во циклусот на светлината што им е потребна: додека перуанскиот подвид е прилагоден на кратки денови, не цвета, ниту произведува корен ако премногу е изложен на светлина, подвидот -{tuberosum}- бара многу светлина.

Теоријата за перуанското потекло на компирот е доста стара и се проценува дека во Перу има повеќе од 3.000 различни домашни видови компир, а некои од нив не можат да се одгледуваат надвор од Перу затоа што бараат специфични климатски и агроеколошки услови-{Centro Internacional de la Papa (2006), Papas nativas poseen ventajas comparativas que deben ser aprovechadas (2006)}-.

Почеток на користењето на компирот во Европа

Голем број видови на одгледуван зеленчук потекнуваат од територијата на Јужна Америка, и повеќето од нив во Европа се воведени во употреба набрзо по патувањето на Колумбо во 1492 година, но компирот бил увезен многу подоцна. Причината за ова „доцнење“ може да се најде во податокот дека бил одгледуван во повисоките предели на Андите, кои Шпанците ги посетиле дури во 1532 година. За првпат компирот на територијата на денешна Колумбија во книжевноста се споменува во 1537 година (го споменува Педро Сиеса Леон, современик на Франсиско Писаро), а како ново растение е опишан дури во 1552 година. Датумот на пренесување на компирот во Европа сè уште не е утврден (и веројатно не е ни запишан), но може да се утврди најраното присуство на компирот на европскиот континент.Hawkes, J. G. & Francisco-Ortega, J. 1993. The early history of the potato in Europe. Euphytica (70):1-2. pp: 1-7. DOI:10.1007/BF00029633

Компирот во 1588 година веќе бил познат и одгледуван во одредени делови на Апенинскиот Полуостров, што укажува на уште порана широка употреба на ова растение во ШпанијаRedcliffe N. S. 1985.The History and Social Influence of the Potato (2nd Edition). Cambridge University Press. ISBN 0-521-07783-4.. Постојат индиции дека одгледувањето на компирот во Шпанија постоело пред 1573 година. Неодамна се пронајдени податоци за извоз на компир од Канарските Острови за Антверпен во ноември 1567 година. Ако се претпостави дека веројатно бил одгледуван барем пет години на Канарските Острови, годините околу 1562-та би можеле да се означат како години на воведување на компирот во Европа. Ово би значело дека компирот во Европа стигнал само десет години по опишувањето на видот, односно околу 30 години по Писаро, како и дека најпрвин бил одгледуван на островите, а дури подоцна и во континентална Шпанија.

Хранливи состојки Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладот во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот.

Компирот, со просечна потрошувачка од 103,1 килограми по домаќинство, бил најупотребуваниот зеленчук во Македонија во 2017 година.ПОТРОШУВАЧКА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017.

Производство на компир во Македонија Според Заводот за статистика, производството на компир во Македонија од 2001 до 2020 година, во тони, е следното:

Компирот како мотив во уметноста и во популарната култура „Кромпир“ (македонски превод: Кромпир) — песна на српскиот поет Васко Попа.Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 18-19.

Галерија

Поврзано Сладок компир (батат) Зрнци

Наводи

Надворешни врски

Solanum tuberosum (potato, papas): life cycle, tuber anatomy на GeoChemBio GLKS База на податоци за компирот Интернационален центар за проучување на компирот Светски конгрес за кромпирот База податоци за видовите компир одгледуван во Европа Британска канцеларија за компир База податоци за видовите компир Музеј на компирот Информации и размени во врска со компирот GMO Safety: Генетско инженерство на компир

Категорија:Коренест зеленчук Категорија:Германизми Категорија:Земјоделски култури со потекло од Боливија Категорија:Земјоделски култури од домородни Американци Категорија:Земјоделски култури со потекло од Перу Категорија:Земјоделски култури со потекло од Јужна Америка Категорија:Северноирска кујна Категорија:Јадливи зрнци Категорија:Флора од Андите Категорија:Ирска кујна Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Коренити растенија Категорија:Зрнец Категорија:Честа храна Категорија:Столонски растенија Категорија:Кртоли