„Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ () — американски авантуристички филм на Стивен Спилберг од 2008 година. Во главната улога се појавува Харисон Форд во улога на археологот и авантуристот Индијана Џонс, а покрај него, во филмот настапуваат и: Кејт Бланчет, Шија Лебаф, Џим Бродбент, Карен Ален и Џон Харт.РТС, Индијана Џонс и Краљевство кристалне лобање (пристапено на 29.4.2022) Продуцент на филмот е Џорџ Лукас. Дејството на четвртиот дел по ред филм од триологијата Индијана Џонс е сместено во 1957 година. Премиерата на филмот во САД како и во Македонија била на 22 мај 2008 година.
Содржина Приказната започнува во пустината Саутвест во 1957 година, во време на Студената војна. Инди (Индијана Џонс) и неговиот помошник Мак едвај ја избегнале блиската средба со советскиот агент. Имено, советските агенти забележале дека на професорот Индијана Џонс едно момче му носи шифрирана порака од стариот колега, професорот Харолд Оксли. Потоа, професорот Џонс се враќа дома, на Маршал Колеџот каде работите одат превртено – неговите неодамни активности го направиле посомнителен, па владата врши притисок врз Маршал Колеџот да го отпушти. На својот пат од градот, Индијана го сретнува младиот бунтовник Мут, кој има интересен предлог за авантурата. Мут е млад бунтовнк, момче кое немало нормално детство, го напуштил училиштето и станал опседнат од мотори. Ако му помогнел во сопствената мисија, би можел да наиде на едно од најспектакуларните археолошки откритија и во минатото – кристалниот череп Акатора, легендарниот објект на фасцинација, празноверие и страв.
Но, патот кон најоддалечениот крај Перу – земјата на древните гробови, заборавените истражувачи и златниот град откриваат дека во својата потрага не се сами. Советските агенти исто така се во жешка потрага по кристалниот череп. Главна меѓу нив е убавата Ирина Спалко (Кејт Бланчет), која го бара кристалниот череп околу светот, верувајќи дека тој може да им помогне на Советите да завладеат со светот. Инди и Мут го пронаоѓаат черепот, но мора да ги избегнат Советите, да се борат со непријателите и да спречат моќниот кристален череп да падне во најопасните раце.
Улоги Глумци ЛиковиХарисон Форд Индијана ЏонсКејт Бланчет Ирина СпалкоКарен Ален Мерион РејвенвудРеј Винстон Џорџ МекХејлЏон Херт Харолд ОкслиЏим Бродбент Дин Чарлс Стенфорд
Прифаќање од критичарите Според мрежното место Rotten Tomatoes, 79% од критиките на филмот се позитивни, а публиката му доделила нешто помал процент – 66%. Иако многу критичари имаат замерка околу приказната (за која велат дека е неиновативна), за главниот лик и за филмот во целост (San Francisco Chronicle и списанието Rolling Stone го нарекуваат најлошото продолжение досега), сите тие на крајот велат дека го одгледале филмот во еден здив и дека им нуди одговорна доза акција, хумор и романса. И тоа е она што ги привлекува гледачите на овој филм.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Перу Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД Категорија:Авантуристички филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Стивен Спилберг Категорија:Филмови со Харисон Форд Категорија:Филмови со Кејт Бланчет Категорија:Филмови со Карен Ален Категорија:Филмови со Реј Винстон Категорија:Филмови со Џон Харт Категорија:Филмови со Џим Бродбент Категорија:Филмови со Шија Лебаф Категорија:Филмови за Индијана Џонс Категорија:Филмови на Paramount Pictures Категорија:Американски фантастични филмови Категорија:Американски акциони филмови