ФК Хоризонт Турново — македонски фудбалски клуб од село Турново, Струмичко.
Историја ФК Хоризонт Турново во својата историја важел како еден реномиран клуб во струмичката општина и пошироко. Постоењето датира од далечната 1950 година од група ентузијаисти како здружение на граѓани. Во периодот кој следува „Хоризонт Турново“ се натпреварува најчесто во Македонската лига на поранешна Југославија. Од осамостојувањето на Р Македонија е член на Втората македонска лига, а во 2008 година го бележи најголемиот успех како клуб од мало место со 1.000 жители се пласира во Првата македонска фудбалска лига.
Со преземањето на клубот од страна на компанијата „Хоризонт“ на чело со Орце Тодоров (1995 г.), ФК Хоризонт Турново бележи постојан напредок на сите категории во кои се натпреварува.
Во сезоната 2017/18, Хоризонт Турново бил исфрлен од Втората лига - Исток бидејќи не платил котизација за тековната сезона.
Турново во Европа Турново дебитираше на европската сцена во квалификацискиот натпревар од Лига Европа на 4 јули против ФК Судува кој заврши 2-2. Реванш натпреварот се одигра на Арената Филип 2 во Скопје, на 11 јули. На десетина минути пред крајот на натпреварот, Турново имаше негатива од 2-1, меѓутоа Блажевски реализираше од белата точка и обезбеди продолженија и шанса за Турново за пласман во второто коло. Македонските вицешампиони ја искористија шансата, откако беа поуспешни во пенал рулетот, односно голманот Димовски го одбрани шестиот пенал и им донесе голема победа на Хоризонт Турново. На 16 јули, Турново во второто коло од квалификациите се соочи со ФК Хајдук Сплит.
Раководство Претседател: Орце Тодоров Финансиски директор Чавков Митко Директор: Митров Ванчо Тренер: Али Ѓунеш Помошен Тренер: Ванчо Стојанов Тренер на голмани: Петров Станиш Секретар: Томислав Тимовски Клупски Лекар Манчев Кирил Физиотерапевт Хаџи-Мојсов Илија Кабинер Георгиев Георге Стадион: Кукуш - Турново Тел: 0038934348600 , 0038934358875 Фах: 0038934348600 , 0038934358875 Клупска боја: Бела e-mail: [email protected]
Надворешни врски Мрежно место на ФК Хоризонт Турново
Категорија:Фудбалски клубови од Струмица Турново Турново Категорија:Турново Категорија:Појавено во 1950 година во Македонија