Кривошијско Езеро — ледничко езеро во Македонија, едно од 27. езера на Шар Планина.Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
Езерото се наоѓа источно од врвот Турчин (2.702 м.) на надморска височина од 2.237 метри.
Одлики
300п|мини|лево|Глетка од Кривошијското Езеро и врвот Шар (Титов) во позадината
Се наоѓа на 2.250 метри надморска висина. Долго е 115, а широко е 87,5 метри, има најголема длабочина од 0,5 метри. Вкупниот обем му изнесува 325 метри и има површина од 7.400 м².
Сместено е на самиот крај на длабоката и вовлечена долина Крива Шија по која што го добило името и која што е оградена од запад со истоимениот врв висок 2.511 метри, кој го одделува од изворите на Пена, на југ и исток со највисоките шарски врвови Титов Врв (2748 м.) и Мал Турчин (2702 м.), а на североисток со врвот Среден Камен висок 2465 метри. Околу езерото има ливадеста површина, но самото езеро е загадено. Причините се наноси на прав и самото капење на овците кои ја напасуваат околината. Езерото се одржува од неколку притоки, а се одлива преку истек што понира. Сочуваните траги укажуваат дека езерото некогаш било пошироко и подолго.Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53
Мерења во 2020 г.
Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 15.540 м2, долго е 204 метри, широко е 120 метри со средна широчина од 76,1 метар. Должината на бреговата линија изнесува 755 метри со коефициент на разгранетост 1,71. Езерото водата ја губи преку понирање на водата.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Леднички езера во Македонија Категорија:Шарпланински езера Категорија:Бозовце