Пекинезер е раса на кучиња која води порекло од Кина, поточно од Пекинг по кој го добил името. Расата е стара преку 2000 години, но биле чувани тајно единствено во кинеската царска палата. Дури во 19 век се појавиле во западната цивилизација.

Легенда за настанок на расата Лав и мајмуница се вљубиле еден во друг. Заради разликата во големината морале да се обратат кај Буда. Буда го смалил лавот и производ на таа љубов се пекинезерите.