Горното Блатешко езеро (српски: Горње Блатештичко језеро) е ледничко езероRista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina. и едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа кај Блатешкиот цирк. Заедно со Долното Блатешко езеро ги сочинуваат Блатешките езераКузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово. Се наоѓа на 2.215 m надморска висина. Долго е 50, а широко е 23 метри. Длабоко е еден метар. Вкупниот обем му изнесува 140mЖивко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 48. Езерото се храни со вода од две притоки и од неколкуте ледници. Интересно за ова езеро е тоа што на средишниот дел на езерото овчарите поставиле камења, за да би ги капеле овците.Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година.

Поврзано Долно Блатешко езеро

Наводи

Категорија:Шарпланински езера