Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX олимпијада се одржаа со почеток на 8 август 2008, до 24 август 2008, со церомонијата на свечено отворање којашто започна во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани се одржаа надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Чинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тиенџин), јавачкато натпреварување (во Хонгконг) и натпреварувањето во едрење (во Чингдао). Со ова, по третпат едни Олимписки игри се одржаа под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреваруваат одделно).
Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „џинг“(京, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, Еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК.
Кинеската влада ги промовираше игрите за да го истакне кинеското пробивање на светската сцена. Постоеја големи грижи од евентуалното бојкотирање на Олимпијадата од страна на поголемите нации во протест на кинеските акции во Тибет.Европската унија може да ги бојкотира игрите поради „културен геноцид“ Малезиско сонце, 26 март 2008Полската влада на бојкот на отворањето на игрите 27 март 2008Саркози најавува бојкот Торонто Стар 26 март 2008 Порано во 2007, поранешниот претседател на MOK, Хуан Антонио Самаранч, изјавил дека верува во игрите на 2008 Пекинг, кои можат да бидат, по негово мислење, „најдобри во олимписката историја.“ Избор Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 2008Град ЗемјаПрв кругВтор круг Пекинг Н.Р.Кина 44 56 Торонто Канада 20 22 Париз Франција 15 18 Истанбул Турција 17 9 Осака Јапонија 6 —
Пекинг беше избран за град-домаќин на 13 јули 2001 на 112-тата сесија на МОК во Москва, победувајќи ги Торонто, Париз, Истанбул и Осака. Пред одржувањето на сесијата, 5 града (Бангкок, Каиро, Хавана, Куала Лумпур и Севиља) кои беа кандидати беа елиминирани уште во 2000. По првиот круг од гласањето, Пекинг имаше големо водство пред останатите 4 кандидати. Осака доби само 6 гласови и беше елиминиран. Во вториот круг, Пекинг доби апсолутно мнозинство по што ги победи конкурентските градови без потребата од понатамошни кругови на гласање.
По изборот, вицепремиерот на Кина Ли Ланчинг изјави „Победата на Олимпискиот избор за 2008 е пример за меѓународното признавање на кинеската социјална стабилност, економскиот развој и здравјето на кинеските луѓе“. Претходно, Пекинг беше кандидат за град-домаќин на Летните олимписки игри - 2000. Тогаш, во првите 3 круга Пекинг беше во водство, но во клучниот четврти и последен круг загуби од Сиднеј на изборот одржан во 1993.
Подготовки Спортски собиралишта
До 27 мај 2007 изградбата на сите триесет и едно спортско борилиште за игрите во Пекинг беше започната. Кинеската влада инвестираше во реновирањето и изградбата на 6 борилишта надвор од Пекинг како и на педесет и еден тренинг-центар. Најголеми архитектонски дела ќе бидат Националниот стадион, Националната затворен стадион, Националниот собирен центар, Олимписката младост и Културниот и спортски центар Вукесонг. Речиси 85% од буџетот за изградбата на шесте најголеми спортски зданија ($2.1 милијарда, 17.8 милијарди јуани) беа издвоени од корпорациски избори и тендери. Инвестиците беа очекувани од корпорациите по барањето за сопствеништво на правата по Летните олимписки игри - 2008. Некои од спортските борилишта ќе и бидат на располагање на Државната генерална спортска агенција којашто ќе ги користи како простор за одвивање на најзначајните идни национални тимски настани.
Некои настани ќе се прослават надвор од Пекинг, како натпреварите во фудбал (во Чинхуангдао, Шангај, Шенгјанг и Тиенџин), натпреварите во едрење (во Чингдао) и коњичките натпревари (во Хонгконг, поради „сомнението од очни болести на коњите и големите потешкотии за создавање на зона без таквите болести“).Олимписки борилишта , Пекинг 2008. Дополнето на 15 мај 2006. Ова ќе биде по третпат во историјата на Олимписките игри, натпреварите да се одржат во две држави. (Кина и Хонгконг настапуваат одвоено на Олимписките игри).
Национален стадион - Пекинг
thumb|left|350px|Националниот стадион во Пекинг. Главно место на Летните олимписки игри - 2008 зазема Националниот стадион во Пекинг, наречен „Птичје гнездо“ поради неговата надворешна структура.„Остануваат уште 391 ден“ Изградбата на зданието започна на 24 декември 2003. Олимпискиот стадион Гуангдунг беше планиран и изграден за игрите, но сепак одлуката да се изгради нов стадион во Пекинг беше донесена. Владата избрала архитекти од секаде на натпревар за дизајнери. Швајцарската архитектонска фирма Херцог и де Мојрон (Herzog & de Meuron) соработувала со кинеската Група за истражување и дизајн и победила на натпреварот. Стадионот ќе има решетки во форма на скелет кои формираат вдлабнатина, а капацитетот на стадионот изнесува 80.000 столчиња. Архитектите дизајнот на стадионот го опишале како птичје гнездо со огромен окуларен отвор со кров на повлекување. И покрај тоа, во 2004, идејата за кров на повлекување беше отстранета од економски и безбедносни причини. На Националниот стадион во Пекинг ќе се одржат церемониите на отворање и затворање на игрите, атлетските натпрревари и фудбалските финалиња. Дизајнерот на стадионот Аи Веивеи наскоро ја откажа поддршката за организација на кинеските Олимписки игри, велејќи дека „повеќе не сака ништо да соработува со нив“.
Превоз thumb|right|250px|Ова е карта на Олимписките борилишта во Пекинг. Неколку брзи патишта го заобиколуваат центарот на градот и овозможуваат брз и навремен превоз до и помеќу спортските борилишта. Во подготовките во пресрет на големиот метеж, Пекиншката метро организација одлучи двојно да го зголеми капацитетот на линиите. Претходниот систем беше составен од 4 линии и 64 станици. Додатните 7 линии коишто беа додадени и повеќето од 80 нови станици вклучуваат и превоз директно од Пекиншкиот главен меѓународен аеродром. На аеродромот, 11 возови без екипаж со капацитет од по 83 луѓе ќе ги превезуваат луѓето до последната станица.„Аеродромски возови“ Голем број од нив се пуштени во употреба од 30 јуни 2008, два месеци пред почетокот на игрите. Во јануари 2007, Пекиншкиот оргазиционен комитет изјави дека возилата во подземната железница ќе бидат опремени со видео монитори на кои ќе може да се следат најновите вести и настани за време на игрите. Како додаток на ова, мобилните телефони ќе даваат посебни сигнали со што луѓето ќе можат да ги употребуваат своите комуникациски средства на станиците за метро и во подземната железница.name=„Видео монитори“
Во основа, Пекинг е одреден да намени триесет и осум официјални јавни транзитни правци коишто ќе бидат поврзани со спортските борилишта. За време на игрите ќе бидат управувани 2.500 големи автобуси и 4.500 минибуси од 8.000 луѓе коишто ќе ги превезуваат луѓето до соодветното место на настанот. Пред игрите, јавниот транспорт ќе биде оптимизиран со тоа што 110 линии кои донекаде се поклопуваат ќе бидат намалени.name=„Превоз“
Пекинг ќе имплементира рационализација на патните простори врз основа на големиот број поштенски пратки за време на игрите со намера значително да се унапреди авиотранспортот во градот. Под сообраќакниот план на јавноста направен на 20 јуни 2008, рационализацијата ќе биде наметната 2 месеца, од 20 јули до 20 септември вклучувајќи го и периодот за одржување на Параолимписките игри од 6 до 17 септември.name=„Инспектор08“ Рестрикциите ќе бидат спроведувани во некои денови зависно од чудниот или сличен број на поштенски пратки. Оваа мера се очекува да опфати 45% од 3,3 милионите автомобили по улиците. Во прилог на ова, 300.000 тешкотоварни возила добија забрана од 1 јули, а планот се спроведува и на многу други возила коишто пристигнуваат надвор од Пекинг. Густата јавна транспортна мрежа се очекува да ги оправда овие потреби, проценувајќи дека по улиците на Пекинг ќе се превезуваат дополнителни 4 милиони патници.„Инспектор08“
Маркетинг Лого, слоган и маскоти right|60px
left|thumb|„Разиграниот Пекинг“, лого впишано во цветна градина. Логото за Летните олимписки игри - 2008 е со наслов „Разиграниот Пекинг“(舞动的北京). Логото е комбинација од традиционалната кинеска црвена душа и приказ на кинеската калиграфска буква jing(京, „национален главен град“) со атлетски елемент. Отворените раце на калиграфскиот збор ја симболизираат поканата на Кина до целиот свет да дојде ида ја сподели кинеската култура. Претседателот на МОК Жак Рог беше многу среќен поради логото, велејќи „Вашето ново лого веднаш ја пренесува импресивната убавина и сила на Кина којашто е воочлива во вашето наследство и во вашите луќе“.„Порака“
Слоганот за Летните олимписки игри - 2008 е „Еден свет, Еден сон“(.)„Слоган“ Слоганот го повикува целиот свет да му се придружи на Олимпискиот дух во изградбата на подобра иднина за човештвото. Слоганот беше избран во конкуренција на 210.000 испратени од целиот свет.„Остануваат уште 391 ден“
Маскоти на игрите се 5 Фува („кукла за добра среќа“). Фува се сосотои од 5 члена коишто се споени: риба, џиновска панда, оган, тибетска антилопа и ластовичка. Тие приближно соодветствуваат со петте елементи: вода, метал, оган, дрво и земја. Секоја Фува си има посебна боја, како боите на Олимписките кругови коишто ги симболизираат петте континенти. Петте Фува се викаат Беибеи, Жингжинг, Хуанхуан, Јингјинг и Нини. Кога за првпат имињата беа кажани заедно се доби фразата (Běijīng huānyíng nĭ) што значи „Пекинг ве пречекува“.„Фува“
Влезници Во април 2007, повеќе од 7 милиони „Влезници“ влезници за спортските настани и церемонии беа продадени. Околу 75% од влезниците беа продадени откако Пекиншкиот организационен комитет одлучи да одреди пониски цени за домашниот народ, со цел да ги охрабри Кинезите да присуствуваат на игрите. Влезниците наменети за продажба во странство се достапни во националните олимписки комитети.„Влезници во продажба“ Во јуни 2007, веќе беа продадени 2,2 милиони влезници.„⅓ продадени“
Трговија со сувенири Од почетокот на 2007, продавниците со Олимписки сувенири започнаа да работат насекади во Кина. Повеќе од 800 официјални продавници беа отворени кон крајот на јули 2007. Од август 2007, Олимписката трговија стана достапна онлајн, со повеќе од 5000 производи достапни преку официјалното мрежно место во кои спаѓаат облека, маскотите, приврзоци и незаборавни стапчиња за јадење.„Трговија“ Во ноември 2007, прекуокеанската електронска трговија беше овозможена насекаде во светот, освен во Кина, Јапонија, Обединето кралство, Канада и САД. Кинеската централна банка исто така издаде нови 10 банкноти јуани без сликата на Мао Це Тунг.Washingtonpost.com "Washingtonpost.com. Новите кинески банкноти од 10 јуани го потиснуваат Мао Це Тунг. Дополнето на 9 јули 2008.
Музика Официјалната тема за пренесувањето на Олимпискиот факел беше „Запали ја страста, Сподели го сот“ со препев на англиски јазик од 106 учеснички на Мис на светот 2007. Официјалната песна на прославата на одбројувањето на една година од Олимписките игри носеше наслов „Подготвени сме“ напишана од Џеки Чен „Běijīng huānyíng nĭ“ („Пекинг ве пречекува“) беше насловот на песната на прославата на одбројувањето на последните 100 дена од Олимписките игри. „Јас сум ѕвезда“ и „Насмеаниот Пекинг“ беа избрани за песни на Пекиншкиот волонтерски олимписки комитет .
Церемонија на отворање