2-те Летни олимписки игри се одржале во 1900 година во Париз, франција. Не се одржале церемониии за официјално отворање и затворање на игрите, а натпреварите започнале на 14 мај и завршиле на 28 октомври. Околу 1.000 спортисти земале учество во 19 спортови и 95 настани. на овие Олимписки игри за првпат учествувале и жените, а прва жена- олимпионик станала Шарлота Купер којашто освоила 2 златни медали. Одржувањето на натпреварите во недела наишло на големи протести од американските спортисти коишто биле главно ученици и студенти.
Голем број од освојувачите на медали ги одбиле одличјата, но им биле доделени други видови на одличја како на пр. пехари. Во мечување, Албер Робер Аја победил и во категорија на аматерите и во категорија на професионалците,а за тој подвиг бил награден со 3000 франци.
Спортовите и дисциплините како крикет, гаѓање на живи гулаби, коњички скокови во височина и далечина, пливање со пречки биле за прв и последен пат видени на Олимписките игри.
Изборот за град-домаќин
thumb|right|Стадион Велодром Уште на првиот конгрес на Меѓународниот олимписки комитет, барон Пјер де Кубертен се изјаснил дека Олимписките игри во 1900 година треба да се одржат во Париз. Но, чкеновите на МОК не можеле да чекаат 6 години, па сакале во Париз да се одржат првите модерни Олимписки игри во 1896. Но, сеоак било одлучено, а и Грците лобирале за организирање на првите Олимписки игри. И покрај финансиските проблеми Олимписките игри во Атина биле организирани,а во Париз тоа се случило 4 години подоцна.
Спортови
Натпреварувањата на Олимписките игри во Париз се одржале во 20 дисциплини во 19 спортови коишто биле предвидени во програмата за Олимписките игри. Подигање тегови и борење биле отфрлени, но биле додадени нови 13. Спортовите пливање и ватерполо биле посебни спортски дисциплини, а пливањето во спортски контекст е наречено акватика.
Атлетика Баскиска пелота Ватерполо Велосипедизам Веслање Влечење со јаже Гимнастика Голф Едрење Коњички спортови Крикет Крокет Мечување Пливање Поло Рагби Стрелаштво Стреличарство Тенис Фудбал
Неофицијални спортови
Покрај погоре наведените спортови на Олимписките игри во Париз во 1900 година имало натпревари и во спортови коишто не биле официјално прифатени како олимписки од Меѓународниот олимписки комитет.
Борба со оган Долга паума Лет со воздушен балон Летање на летало Мотоспортови по вода Мото-трки Мотоциклизам Натпревар со карпи Пукање со топ Риболов Спасување на живот Трка со гулаби
Како додаток на овие 71 училиште и 92 воени настани биле одржани.
Земји-учеснички
thumb|240px|Учесници - зелено- земји коишто учествувале и на претходните Олимписки игри, сино- земји- учеснички за првпат На Летните олимписки игри во Париз учествувале следните 24 земји:
Австралија Австрија Аргентина Белгија Бохемија Велика Британија Германија Грција Данска Индија Италија Канада Куба Мексико Норвешка Романија Русија САД Унгарија Франција Холандија Швајцарија Шведска Шпанија
Според некои извори на овие Олимписки игри учествувале и овие земји:
Луксембург Персија Перу Хаити
Освоени медали
На Летните олимписки игри во Париз, 1900 година, за најдобрите три во секоја дисциплина се доделувале соодветно златен, сребрен и бронзен медал од првото до третото место. Ова е списокот на десетте најуспешни нации:
1 20п Франција (домаќин) 26 41 34 101 2 20п САД 19 14 14 47 3 20п Велика Британија 15 6 9 30 4 20п Мешан тим 6 3 3 12 5 20п Швајцарија 6 2 1 9 6 20п Белгија 5 5 5 15 7 20п Германија 4 2 2 8 8 20п|Italy Италија 2 2 0 4 9 20п Австралија 2 0 3 5 10 20п Данска 1 3 2 6
Надворешни врски
МОК Париз 1900 Британско мрежно место - Освојувачи на медали на Олимписките игри - Останати спортови - Демонстрации и неофицијални спортови Официјално известување