КК Пелистер — македонски кошаркарски клуб со седиште во Битола. Клубот се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.

Историја Клубот бил основан во 1992 година во Битола. Првично, клубот бил познат под името КК Младост Металец, име кое го користел до 1996 година.

По сезоната 2008/09, спонзорот Свислајон, со кој клубот ги имал своите најдобри сезони, го напуштил Пелистер.

Пелистер бил унапреден во Првата лига преку вајлд карта за сезоната 2016/17.</small>МКФ им понуди прволигашко место, битолчани прифатија: КК Пелистер нов прволигаш! gol.mk 22 август 2016 Во таа сезона Пелистер отпаднал од лигата, но повторно поради проширување на лигата за сезоната 2017/18, тој пак добил прволигашки статус. Успеси Успесите на клубот Пелистер се:

Финалист на Купот на Македонија - 2009 Полуфиналист на Купот - 2008 Полуфиналист во разигрувањето на Првата македонска лига - 2006, 2007 и 2009. Историја на клупското име 1992—1996: КК Младост Металец 1996—2003: КК Пелистер 2003—2004: КК Пелистер МултитексДербито за струмичани vest.com.mk 14 октомври 2003 2004-2006: КК Пелистер 2006—2009: КК Свислајон Пелистер 2009-2011: КК Пелистер 2011-2014: КК Пелистер Спорт 2014-....: КК Пелистер

Состав 2023/24 Извор: Кошаркарска федерација на Македонија eurobasket.com +ИграчиАлександар КостоскиДарко НајдовскиБојан СтојановскиАмар ХотИван СапунџиевАндреј МагдевскиАндреј МаслинкоЛука СтојановскиДимитар СердаровЈуре ПланиниќКристијан Елисон БандиМалком Александер БернардСтефан Мијовиќ

Поважни кошаркарски имиња

Ѓорѓи Анакиевски Милан Андоновиќ Петар Апцев Бојан Атанасовски Димитар Баснарков Срѓан Вокиќ Богдан Вукадиновиќ Никола Вукасовиќ Воислав Гојниќ Мико Голубовиќ Борче Даскаловски Ренато Димитриевски Роберт Димитриевски Владимир Дујовиќ Благојче Ѓоргиевски Дејан Ѓокиќ Даниел Захариевски Страхиња Згорњанин

Димитар Илиевски Благојче Ѓоргиевски Славиша Јанески Ѓорѓе Јовановиќ Бошко Јововиќ Александар Калањ Димитар Караџовски Никола Косановиќ Виктор Крстевски Џастин Лабој Дејан Микиќ Даниел Милановски Милан Миљковиќ Бранко Мирковиќ Томислав Николовски Зоран Петковски Миљан Петровиќ

Марјан Петровски Бојан Поповиќ Миљан Радисављевиќ Никола Ражиќ Данило Савовиќ Балаш Сањин Владимир Сатариќ Младен Симеуновиќ Срѓан Станковиќ Александар Стефановски Андреа Стојановски Ѓорѓи Талевски Мартин Талевски Игор Трајковски Александар Хелд Марко Цакаревиќ Александар Штурановиќ

Извор:eurobasket.com

Поврзано Втора македонска кошаркарска лига Прва македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Битола Кошарка во Македонија

Наводи

Надворешни врски Профил на КК Пелистер на eurobasket.com

Категорија:Прва македонска кошаркарска лига Категорија:Македонски кошаркарски клубови Категорија:Кошаркарски клубови од Битола Категорија:Појавено во 1992 година во Македонија