Пандора е внатрешен месечина на Сатурн. Откриена е во 1980 год. на снимки од Војаџер 1. Дадено му е привременото име 1980 S 26IAUC 3532: Satellites of Saturn 1980 October 31 (discovery). Името Пандора е востановено во 1985 година, но како алтернатива се употребува и Сатурн 17. Месечината го носи името на митолошката хероина ПандораIAUC 4157: Satellites of Saturn and Pluto 1986 3 јануари (naming the moon).

Пандора е внатрешна пастирска месечина во F-прстенот. Има повеќе кратери отколку соседниот Прометеј. На површината има два кратера со пречник од 30 км. За разлика од Прометеј на површината на Пандора не се забележуваат гребени и долини.

Од ниската густина и високото албедо на површината може да се заклучи дека Пандора е порозна, и составена е од мраз.

Поврзано Астероидот 55 Пандора.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Pandora Profile by NASA's Solar System Exploration The Planetary Society: Pandora

Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Сончев Систем Категорија:Астрономски тела откриени во 1980 година Категорија:Неправилни месечини