Вулнет Старова (Подградец, 6 мај 1934 - 5 август 1995)Собрание на Република Македонија — педијатар, политичар, Претседател на Собранието на СР Македонија.
Животопис Роден е во Подградец на 6 мај 1934 година. Во 1959 година, тој го завршил Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Во 1965 година, тој специјализирал педијатрија во Клиниката за детски болести, а во 1975 година во Приштина, тој одбранил докторат по социјална педијатрија.
Вршел повеќе јавни функции. Бил член на Претседателството на Синдикатот на општествените дејности, во Универзитетскиот совет и во Статутарната комисија на ЦК на КПМ.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1420 Од 1974 до 1978 година бил потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ. Напоредно со тоа, тој членувал и бил секретар на Републичкиот секретаријат за здравство и социјална политика. На 28 април 1986 година, тој бил избран за Претседател на Собранието на СР Македонија.„Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 18/86 Функцијата ја извршувач до 8 јануари 1991 година, кога било конституирано првото повеќепартиско собрание. Потоа, тој работел на Медицинскиот факултет, на Детската клиника, а извршувал и професорска универзитетска дејност.
Автор е на книгите „Заедничко живеење: албанската народност во СР Македонија“ („Комунист“, 1988) и „Ацидобазна рамнотежа“ (во соавторство со Љубе Глигоровски, „Студентски збор“, 1989).
Наводи
Категорија:Луѓе од Поградец Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски педијатри Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски педијатри Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски политичари Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Приштинскиот универзитет