Шарлота Рајнегл Купер (22 септември 1870 - 10 октомври 1966) била англиска тенисерка којашто го освоила тенискиот турнир Вимблдон 5 пати, а уште 5 играла во финалето, но загубила. Шарлота Купер последната титула ја освоила во 1908 година, со 37 години и 282 дена што е рекордна возраст и денес. Таа е позната и по тоа што е првата спортистка којашто освоила златен медал на Олимписките игри. Тоа го сторила на Летните олимписки игри - 1900 одржани во Париз.
Популарната „Шети“ на игрите во Париз освоила 2 злата. Најпрвин тоа го сторила во поединечна конкуренција, а потоа и во мешани двојки чиј партнер бил Реџиналд Доерти.
На 12 јануари 1901, Шарлота се омажила со Алфред Стери. Таа продолжила да игра тенис со новото презима и постигнала фантастични резултати во првата деценија на XX век. Во 1908 година, со нејзиното петто и последно освојување на неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон станала најстарата негова освојувачка.
„Шети“ играла тенис и во своите 50-ти години.
Целиот свој живо го поминала во Велика Британија, а умрела во 1966 година, на 96 години во Хеленсбург, Шкотска.
Победи на Вимблдон
Година |width="200"|ПрвенствоПротивник во финалето |width="100"|Резултат во финалето1895 Вимблдон 25px Хелен Џексон 7–5, 8–61896 Вимблдон <small>(2) 25px Алис Симпсон Пикеринг 6–2, 6–31898 Вимблдон <small>(3) 25px Лујза Мартин 6–4, 6–41901 Вимблдон <small>(4) 25px Бланч Бингли Хилјард 6–2, 6–21908 Вимблдон <small>(5) 25px Ањес Мортон 6–4, 6–4
Останати учества во финале на Вимблдон
Година |width="200"|ПрвенствоПротивник во финалето |width="100"|Резултат во финалето1897 Вомблдон 25px Бланч Бингли Хилјард 7–5, 5–7, 2–61899 Вимблдон 25px Бланч Бингли Хилјард 2–6, 3–61900 Вимблдон 25px Бланч Бингли Хилјард 6–4, 4–6, 4–61902 Вимблдон 25px Мариел Роб 5–7, 1–61904 Вимблдон 25px Доротеја Даглас 0–6, 3–6
Категорија:Победнички на Вимблдон Категорија:Освојувачи на олимписки медали Категорија:Родени во 1870 година Категорија:Починати во 1966 година