Теанин е аминокиселина која вообичаено се наоѓа во чајот. Теанинот е поврзан со глутаминот и може да ги мине бариерите на крвта во мозокот. Бидејќи може да навлезе во мозокот, теанинот има психоактивни особини.
Забележано е дека теанинот ги намалува умствениот и физичкиот стрес, може да создаде чувство на опуштеност и го подобрува спознавањето и расположението кога се зема во комбинација со кофеин.
Се шпекулира дека теанинот ги создава овие ефекти со зголемување на продукцијата на гама-аминобутирска киселина (ГАБА). Теанинот го зголемува нивото во мозокот на серотонин, допамин, ГАБА и има микромоларен афинитет за АМПА рецепторот, рецепторот за Каинат и НМДА. Исто така, забележано е дека теанинот го зголемува производството на алфа-бранови во мозокот.
Студиите на лабораториски глувци покажале дека и екстремно големи дози на теанин немаат штетни ефекти., дури во една студија се покажало дека теанинот делува заштитно на нервите.
Л-теанинот може да го помогне имуниот одговор на инфекции со зголемување на капацитетот на гама-делта Т-клетките. Во една студија од 2003. биле споредени групи од пијачи на чај и кафе, секој испитаник пиел по 600мл чај или кафе во текот на 4 недели. Забележано е дека во крвта на оние кои пиеле чај продукцијата на анти-бактериски белковини била и до пет пати поголема од оние кои пиеле кафе.
Наводи
Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Карбоксамиди