Иван Петрович Павлов ( - ) — руски научник и физиолог познат по неговите експерименти со кучиња. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удрил темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 ја добил Нобеловата награда за медицина и за физиологија за научно истражување однесувајќи се на системот за варење.

Неговото познато иследување мини|лево|Едно од кучињата на Павлов

Павлов им ја презентирал храната на кучињата во исто време заѕвонувајќи со ѕвоно. Откако ќе ја повторел оваа постапка неколкупати, кучето со антиципирање почнувало да лачи плунка уште на звукот од ѕвончето, без оглед дали храната му била донесена или не. Павлов заклучил дека сите стекнати навики, дури и повисоките ментални активности на човекот, зависат од условните рефлекси.

Павлов како тема во уметноста „Разговор меѓу Павлов и Шагал“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 50.

Категорија:Руски лекари Категорија:Руски научници Категорија:Руски физиолози Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Редовни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Апсолвенти на Санктпетербуршкиот државен универзитет Категорија:Руски нобеловци Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Ирската кралска академија Категорија:Членови на Израелската академија на природните и општествените науки Категорија:Луѓе од Санкт Петербург Категорија:Редовни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Американското филозофско друштво