Захарија Василева Шумљанска (Могила, 15 мај 1864 — Софија, 18 ноември 1937) — македонски просветен работник, добротвор од времето на македонската револуционерна борба. Завршила гимназија во Пловдив во 1885 г. Долгогодишна учителка е во Воден, Едрене, Скопје, Солун и др. Ја помага ослободителната борба на населението во Македонија. По Илинденското востание организира сиропиталишта за децата на настраданите дејци во востанието. По Балканските војни била во Софија и активно се занимавала со добротворна дејност. Починала во 1937 г.Софиска Народна библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, белешки: к. 42, а.е.66, л. 33-50.
Во нејзина чест стои забележителен споменик во селото Могила.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Починати во 1937 година Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Македонски општественици Категорија:Луѓе од Могила