мини|200п|десно|Дизајн на корицата Мисли на празно срце е книга од македонскиот блогер Оги Синко, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
Вистинското име на авторот е недостапно за пошироката јавност, освен фотографијата. Оваа книга содржи еротски раскази со рафинирана мисла, која само се засилува со користењето на „вулгарните“ зборови.
„Ноќта кога вештерките танцуваа, животот си наплати данок. Иронично, преку спасоносна порака: „Време е да излезам од твојот живот.“ Што би значело, време е да те ослободам, време е да почнеш да живееш. Време е да идеш у пизду матер. Ноќта кога вештерките танцуваа, ја прими хуманата порака и не знаеше што да прави со неа. Да беше напишана на хартија, можеше да ја урами, да ја соџвака, или да си ја напика во газ, вака електронска ... Ноќта кога вештерките танцуваа, еден човек посака да стане маѓесник. Не претпочиташе на голем маг, туку обичен чирак. Да научи, како некого да извадиш од срцето, без притоа да го распарчиш...“ Мисли на празно срце, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-12-8
Наводи
Оги Синко - блог од кој се вклучени постовите во книгата
Илузија
Не се согласуваа кој ден да го сметаат за почеток на нивната врска. - Кога се запознаа, гушнаа, или кога водеа љубов ? Малкумина разбраа дека на денот на вљубените, кога љубовта се слави, тие поднесоа жртва - се разделија ...
Категорија:Издание Блог-записи