мини|200п|десно|Дизајнот на корицата Од CABARET до OZ е книга од македонскиот блогер Рибаро, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
Вистинско име на авторот е Јане Ѓорѓиоски, стопанственик во транзиција, кој живее и работи во Прилеп. Видено низ постмодернистичка призма, книгава може да ја сметаме за структурно разграден роман или новела, а интензитетот на приказните се зголемува прогресивно низ целата книга.
„Од карши нас, на највидната маса во кафаната, седеше еден пицикато дотеран млад господин со пеперушка, шешир и бастун. Нè погледна, се насмеа под мустаќ и со очите го повика меанџијата. Меанџијата почека да ја напушти господинот меаната, и ни се обрати: - Од денес оваа маса секогаш ќе биде резервирана за вас. Останавме подзинати, а меанџијата ни го разбра прашањето: - Господинот што пред малку замина се погрижи за сè. - Кој е човеков? - Тој се вика Петре Прличко, и е глумец. ... Има луѓе, помислив.“Од CABARET до OZ, Скопје:2008 ISBN 978-608-4502-06-7
Наводи
Блогот на Рибаро - блог од кој се вклучени постовите во книгата
Категорија:Издание Блог-записи