Калмичкиот ојратски (хальмг өөрдин келн), или попознат само како калмички (хальмг келн) е монголски јазик кој се зборува претежно во Русија. Калмичкиот се смета или за засебен јазик, или како дијалект на ојратскиот јазик. Јазикот е мајчин јазик на Калмиците и се зборува во Калмикија, Русија, каде е службен јазик. Калмиците се потомци на Ојратите кои се доселиле во северозападниот дел на басенот на Каспиското Езеро. Според УНЕСКО, јазикот е дефинитивни загрозенUNESCO Atlas of the World's languages in danger Посетено на 2012-10-31. Јазикот се пишува на кирилица.
Географска распространетост Повеќето Калмици живеат во Калмикија, Русија, каде јазикот е службен. Мала група Калмици живеат и во Франција и САД, но употребата на јазикот е во пад. Бројот на говорници во дијаспората не е познат. Калмичкиот се смета за загрозен јазик.
Класификација Од синхронска перспектива, калмичкиот е најистакната варијанта на ојратскиот јазик. Калмичкиот е многу сличен со ојратските дијалекти во Монголија и Кина и во морфолошка и во фонолошка смисла. Разликата меѓу дијалектите е во зборовниот фонд, бидејќи калмичкиот имал влијание од рускиот и од туркиските јазици
Главни одлики на калмичкиот се аглутинацијата и самогласната хармонија. Има заеднички елементи со уралските и туркиските јазици, што укажува на далечен заеднички предок.
Писмо Писмената традиција на ојратскиот потекнува од 11 век која се користело ујгурското писмо. Официјалната калмичка азбука, јасното писмо, било создадено во 17 век од калмичкиот будистички монах Заја Памдит. Во 1924 година ова писмо било заменето со кирилицата. Во 1930 година се користела латиницата, а во 1938 година се сменила пак во кирилица. Азбуката на калмичкиот е:
КирилицаМФАПреводКирилицаМФАПреводАаaaОоoӘәəäӨөoöБбp,bПп( ), ( )pВвw,v, wРрr,rГг,,gСсssҺһghТт,tДдt,dУуuЕеjeyeҮүuüЁёyoФф( f )fЖжzhХхx,hҖҗdzh, jЦцtsЗз(d)zЧчchИиiiШшshЙйjyЩщ( )shchКк( k ), ( )kЫыiyЛл,lЬь'Ммm,mЭэeeНнn,nЮюyuҢңngЯяjaya
Наводи
Надворешни врски Јазична политика и историја во Калмикија Руско-калмички речник
Категорија:Монголски јазици Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Кина Категорија:Јазици во Русија