Сахарските јазици се подгрупа на нилосахарските јазици зборувани низ делови на источна Сахара, поточно од Дарфур до Либија, Чад, источен Нигер и североисточна Нигерија. Во оваа група спаѓаат канурски јазик, теда јазик, дазагаски јазик и загаваски јазик.

Јазици Источни (Бертски јазик, Загаваски јазик) Западни (Канурски јазик (вклучувајќи и: Билмаски јазик, Мангаски јазик, Тумариски јазик) Канембуски јазик, Тебаски јазици: Дазагаски јазикa, Тедагаски јазик)

*