мини|десно|250п|исправено|Разни гимнастички дисциплини Гимнастика — спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во современата гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со рачки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнување од коњ и циркуски вештини. Раководниот орган на гимастиката во Македонија е Федерацијата на гимнастички спортови (ФГСМ).
Потекло на поимот
Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“Gymnastikos, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“Gymnasia, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus и γυμνός (гимнос) што значи „гол"Gymnos, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus, бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.
Историја Стар век
Гимнастиката за првпат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од минојската култура многу мажи и жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.
Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во Стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот цар Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.
Современа гимнастика
Во 1774, Прусот Јохан Бернард Базедов вовел неколку телесни вежби во рамките на наставата во училиштето во Саксонија во коешто работел. Од тој момент започнува осовременувањето на гимнастиката. Во германските држави спортот брзо се развивал. Започнале да се создаваат и првите помагала, а пионери во тоа биле Швеѓанецот Јохан Фридрих Гуц Мут (1759-1839) и Фридрих Лудвиг Јан (1778-1852). Јан создал и неколку техники од кои произлегле и денешните вежби (вратило, разбој, греда, скокови). Швеѓанецот Пер Хенрик Линг воведува и вежби со кругови, стапови и топчиња каде што се важни ритамот и координацијата. Во Европа, првиот клуб е отворен во Берлин во 1881 година, а во САД, овој спорт бил актуелизиран пред граѓанската војна од страна на Дадли Ален Сарџент кој бил учител по гимнастика на неколку американски универзитети. Но, сепак слободно може да се каже дека во САД гимнастиката била пренесена од емигрантите од Европа.
Во современата гимнастика исклучени се способностите трчање, пливање и подигање тегови кои биле дел од гимнастиката во античко време.
Првите натпреварувања
Се смета дека првиот гимнастички натпревар на помагала се одржал во 1877 година во Австроунгарија (поточно во Чехословачка). Во 1888 е создаден и Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ). Седиштето на овој сојуз е во Швајцарија, а во него членуваат повеќе од 150 земји. Со неговото создавање започнале да се осмислуваат гимнастичките дисциплини и помагалата кои се потребни за нив.
Гимнастиката како олимписки спорт thumb|right|150px|Настап на женскиот гимнастичка екипа на Велика Британија на Летните олимписки игри - 1908 во Лондон.
Гимнастиката била планирана и се реализирала како спорт од олимписката програма на првите современи Летни олимписки игри 1896 година во Атина. Оттогаш, па до денес, гимнастиката редовно е вклучена во олимписката програма. Мажите настапувале уште од првите современи олимписки игри, а жените тоа го сториле дури на Летните олимписки игри - 1928 одржани во Амстердам.
Натпреварите во гимнастика во XX век и денес
На почетокот на минатиот век, во 1903 одржано е Првото светско првенство во гимнастика во Антверпен. Првото европско првенство се одржало во 1955 во Франкфурт. Како и на олимписките игри, така и на овие големи натпреварувања на почетокот учествувале само мажите. Жените на светските првенства за првпат настапиле на првенството одржано во 1934 во Будимпешта, а на европските, на првенството одржано во 1957 година во Атина.
Форми Спортска гимнастика Во спортската гимнастика постојат натпреварувања во машка и женска конкуренција. Мажите се натпреваруваат во шест дисциплини: подлога (партер), кругови (алки), вратило, машки разбој, коњ со рачки и прескок; додека жените се натпреваруваат во четири дисциплини: партер, греда, двовисински разбој и прескок.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 36.
Женски дисциплини thumb|right|150px|Даниеле Хиполито на Панамериканските игри во 2007 година Прескок: Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапки) до прескочниот коњ или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведуваат вежба во воздух префрлајќи се од другата страна на помагалото. Егзибицијата во воздух може да вклучува едно или две повеќекратни салта или култови, или пак може да биде само вртење на воздух. При доскокот многу е важно гимнастичарката стабилно да застане со две нозе, бидејќи во спротивно тоа се казнува од страна на судиите. Во 2001 година, старото помагало „коњ“ било заменето со ново, отскочна табла која е поцврста, постабилна и со поголема површина (1m со 1m) и овозможува поголема стабилност и сигурност при изведувањето на прескокот. Со оваа промена на помагалото, гимнастичарите се обидуваат да изведат посложени и потешки вежби.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 40. Двовисински разбој: Во дисциплината двовисински разбој, гимнастичарките изведуваат вежби на две хоризонтални прачки со различна висина (165 см и 245 см), а растојанието помеѓу нив кое може да биде различно (најмногу до 180 см). Гимнастичарките на прачките се нишаат, кружат, поместуваат, се движат под и над прачката и скокаат од една на друга, а настапот завршува со скок и приземјување на двете нозе.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 53. Гимнастичарките често се качуваат на прачките користејќи помошна штица. Греда: На оваа справа, во рок од 60 до 80 секунди, гимнастичарките изведуваат разни скокови со едната или со двете нозе, движења, ваги, доскоци, вртења за 360 или 180 степени и акробации. Според Меѓународната гимнастичка федерација, гредата треба да биде долга 500 см, широка 10 см и поставена на висина од 125 см. Гредата е обложена со мек материјал. За настап на гредата е потребна рамнотежа, флексибилност и сила.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 48. Партер: Оваа дисциплина се состои од вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12m со 12m во рок од 70 до 90 секунди кои гимнастичарките ги изведуваат со придружба на музика.
Машки дисциплини thumb|right|150px|Момче настапува на коњ со рачки Партер: Како и гимнастичарките така и гимнастичарите во оваа дисциплина изведуваат вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12 m х 12 m, но во пократок рок од 60 до 70 секунди. Исто така, тие настапуваат и без придружба на музика. Правилата велат дека гимнастичарот при својата вежба на партер смее само еднаш да биде во аголот на квадратот. Коњ со рачки: Оваа дисциплина е една од најтешките во гимнастиката. Таа се изведува на помагалото коњ со рачки кое е долго 163 см и е поставено на висина од 110 см. Гимнастичарот со двете раце се држи за рачките или на самото помагало и изведува кружни движења и движења со своите нозе. Вежбата завршува со акробација во воздух и доскок кој треба да биде стабилен со двете нозе. Оваа дисциплина најверојатно настанала со цел да се проверат способностите на идните коњаници. За оваа дисциплина потребна е сила, брзина, издржливост и добра подготвеност. Кругови: Круговите се помагала поставени на висина од 250 см, а се со должина од 325 см, односно се заврзани на висина од 575 см од подот. Растојанието помеѓу круговите е 50 см.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 45. На нив гимнастичарите, држејќи се со двете раце изведуваат различни вежби со движење на своите нозе и превртувања. За дофат на високопоставените кругови, гимнастичарите се подигнуваат од друго лице. За време на вежбата, круговите не смеат да се нишаат, што бара голема сила и издржливост. Вежбата на овие помагала завршува со доскок. Прескок: Гимнастичарите го изведуваат прескокот со помош на коњ без рачки или отскочна плоча до којашто стигнуваат со трчање на растојанието долго 25m. Држејќи се со рацете за помагалото, гимнастичарите со скок, во воздух изведуваат вежба која содржи повеќекратни салта или пак само вртење. Вежбата завршува со доскок од другата страна на помагалото којшто треба да биде стабилен. Многу е важна и поставеноста на рацете и рамената, како и целосната рамнотежа на телото од што всушност и зависи квалитетот на изведените акробации. Машки разбој: Разбојот е машка гимнастичка справа на која се изведуваат статички и динамички елементи. Вежбите на оваа страна се зиведуваат со силата на мускулите на рацете и на рамениот појас. Статичките елементи се изведуваат со задржување на телото во одредена положба, додека динамичките елементи се состојат од кревање на телото од пониска во повисока положба и обратно. Дисциплината разбој содржи вежби кои главно се состојат од скокови во воздух, кружења, поместувања и движења под и над две паралелно поставени прачки на утврдена висина од 175 см при што должината на прачките изнесува 250 см, а растојението меѓу нив се движи од 47 до 52 см.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 46-47. Вратило: Ова е најспектакуларната од шесте машки дисциплини. Се изведува на пречка во форма на шипка со должина од 240 см и поставена на висина од 255 см. За да се фатат на неа, гимнастичарите се помогнат со кревање од друго лице, слично како и во дисциплината кругови. На пречката, тие изведуваат различни вежби: нишање, поместувања, вртења, скокови, салта, префати со рацете и др. Притоа, вежбата завршува со акробатски скок од справата. За време на изведувањето на вежбата, вратилото се држи со целата дланка, а не само со прстите при што рацете се поставени на вратилото во широчина на рамената.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 41-42. мини|десно|120п|Изведување вежба на вратило
Ритмичка гимнастика мини|десно|Ритмичка гимнастика