Универзитетската Клиника за Радиотерапија и Онкологија е единствена специјализирана здравстена установа за лекување на злоќудни заболувања во Република Македонија. Организационо се наоѓа во склоп на (УКЦС) Универзитетскиот Клинички Центар - Скопје.

Капацитет Клиниката располага со 180 болнички кревети во хоспиталниот дел, 30 кревети во рамките на двете дневни болници. Во рамките на Клиниката функционираат вкупно 7 специјалистички амбуланти, како и амбулатна за пункциони биопсии (работно време секој ден од 11 до 12.30 часот). Во Институтот работат вкупно 22 лекари специјалисти, 11 лекари на специјализација, а наставната база ја сочинуваат 5 професори, 2 доценти, 2 виши научни соработници и 10 асистенти.

Оддели Во рамките на институтот функционираат 11 одделенијаСписок на одделенијата на ИРО Скопје: Оддел за третман на злоќудни тумори на дојката и градниот кош Оддел за третман на злоќудни тумори на белите дробови Оддел за третман на злоќудни тумори на уринарниот тракт и машките генитални органи Оддел за третман на злоќудни тумори кожата и дигестивниот систем Оддел за третман на злоќудни тумори на коските и централниот нервен систем Оддел за третман на злоќудни тумори на главата и вратот Оддел за третман на мекоткивни тумори Оддел за третман на злоќудни тумори на женските генитални органи Оддел за третман на злоќудни тумори на дојката Оддел за брахитерапија Оддел за хистопатологија и клиничка цитологија

Поврзано Универзитетски клинички центар - Скопје

Наводи

Надворешни врски Македонски Портал за Ракот Официјално мрежно место

Категорија:Здравство во Македонија Категорија:Здравствени установи во Македонија