25. Летни олимписки игри се одржале во 1992 во Барселона.
Изборот на град-домаќин
Барселона, родниот град на тогашниот претседател на МОК Хуан Антонио Самаранч бил избран за град-домаќион на игрите со победата на противкандидатските градови: Амстердам, Белград, Бирмингем, Бризбејн и Париз на 91. сесија на МОК одржана во Лозана на 17 октомври 1986. Резултатие од гласањето се дадени во следната табела (the International Olympic Committee Vote History ).
Реултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1992 Град Име на НОКПрв кругВтор кругТрет кругБарселона293747Париз192023Белград13115Бризбен11910Бирмингем88-Амстердам5--
Ретроспектива
Параолимпискиот натпреварувач во стреличарство Антонио Реболо истрелал стрела со што го запалил Олимпискиот оган. Во кошарка, репрезентацијата на САД предводена од Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Чарлс Баркли и Лари Б'рд го освоила златниопт медал. Јужноафриканската Република се вратила на игрите по 28 годишна пауза. Натпреварувачката од оваа земја Елана Меер водела голема борба со Етиопјанката Дерарту Тулу во трката на 10,000m, но сепак не успеала да победи и го освоила сребрениот медал. Германија настапувала како една нација што за последен пат било случај на Летните олимписки игри - 1960 одржани во Рим. Со распадот на Советскиот Сојуз, Латвија, Литванија и Естонија настапиле како смаостојни учеснички по пауза од 56 години, а останатите нации од „големата држава“ настапиле како Заедница на независни држави (ЗНД). Распадот на СФР Југославија довел Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина да настапат самостојно на игрите, додека на спортистите од СФР Југославија им било забрането да настапат за својата репрезентација, па настапиле под Олимпиското знаме како независни олимписки учесници. Македонија не учествувала на игрите. Виталиј Шчербо од Белорусија освоил 6 златни медали во гимнастика од кои 5 биле вои поединечна конкуренција со што го изедначил рекордот по број на освоени медали во поединечна конкуренција Ерик Хелден. Во гимнастика во женска конкуренција, Татјана Гуцу освоила злато во комбинација. Во скокови во вода Фу Мингксиа од Кина освоила златен медал во највисоката дисциплина на возраст од само 13 години. Пливачите од Русија Александар Попов и Евгениј Садовиј доминирале во пливање во слободен стил. И двајцата освоиле по 2 златни медали, а Садовиј освоил и трет како дел од штафетата на Русија. Елевин Ешфорд го освоила својот четврти златен, а трет златен во штафетата 4x100m во атлетика на Олимписките игри. Кристина Егерсеги од Унгарија освоила 3 златни медали во пливање во поединечна конкуренција. По демонстрацијата како спорт на 7 Олимиски игри, конечно бејзболот станал Олимписки спорт. Првиот комплет на медали го освоиле: Куба (злато), Кинески Тајпеј (сребро) и Јапонија (бронза). Спортот хокеј на ролерки или попознат како Квад бил демонстративен спорт на игрите во Барселона. Репрезентациите настапиле поделени во две групи А и В. Во А групата биле Португалија, Аргентина, Италија, САД, Швајцарија и Јапонија додека во В групата настапиле Холандиоја, Бразил, Шпанија, Германија, Ангола и Австралија. Спортот бадминтон станал дел од Олимписките игри. Исто така за првпат и спортистките настапиле во спортот џудо, а дисциплината кајак на диви води се вратила во натпреварувачката програма во спортот кано/кајак по пауза од 20 години. Покрај хокејот на ролерки (Квад) и спортовите баскиска пелота и теквондо биле демонстративни спортови на игрите. Крис Бордман победил на 400m во друмски велосипедизам за Велика Британија. Линфорд Кристи, конечно на 32 години победил во трката на 100m со што станал најстариот победник во оваа атлетска тркачка дисциплина. На 20-годишнината од Минхенскиот масакар и на 500-годишнината од Едиктот Алхамбра, Јаел Арад на својата земја Израел и го донела првиот медал на својата земја со освојувањето на сребрениот медал во џудо. Наредниот ден Орел Смаџа во истиот спорт освоил бронза. Олимпискиот првак во скок со стап од Сеул Сергеј Бубка останал со празни раце. За овие Олимписки игри напишани и изведени биле 2 музички теми. Првата носела наслов „Барселона“ и била напишана 5 години порано од Фреди Меркјури, а втората била „Пријатели за животот“ напишана од Ендрју Лој Вебер и Дон Блек.
Спортови
Стреличарство Атлетика Бејзбол Кошарка Бадминтон Бокс Кано/кајак Велосипедизам Скокови во вода Коњички спортови Мечување Фудбал Гимнастика Ракомет Хокеј на трева Џудо Современ петобој Веслање Стрелаштво Едрење Пливање Синхронизирано пливање Пинг-понг Тенис Одбојка Ватерполо Подигање тегови Борење
Демонстративни спортови Баскиска пелота Хокеј на ролерки (Квад) Теквонд Валенсиска пилота
Земји-учеснички thumb|Земји-учеснички На игрите во Барселона учество земале спортисти од 169 земји. Со распаѓањето на Советскиот Сијуз, балтичките земји Латвија, Литванија и Естонија учествувале самостојно, а останатите земји од поранешната држава учествувале како Заедница на независни држави. А, со распаѓањето на СФР Југославија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина настапиле самостојно, а на СФРЈ и било забрането да настапи, па нејзините спортисти настапиле како независни олимписки учесници. Македонија не настапила на игрите. На игрите дебитирала Намибија.
Албанија (8) Алжир (38) Американска Самоа (3) Андора (8) Ангола (39) Антигва и Барбуда (13) Аргентина (107) Аруба (5) Австралија (295) Австрија (107) Бахами (15) Бахреин (13) Бангладеш (6) Барбадос (17) Белгија (68) Белиз (10) Бенин (6) Бермуда (20) Бутан (6) Боливија (14) Босна и Херцеговина (10) Боцвана (6) Бразил (195) Британски Девствени Острови (4) Бугарија (139) Буркина Фасо (4) Камерун (11) Канада (304) Кајмански Острови (10) Централноафриканска Република (16) Чад (7) Чиле (14) Кина (246) Кинески Тајпеј (37) Колумбија (51) Конго (7) Кукови Острови (2) Костарика (16) Брегот на Слоновата Коска (13) Хрватска (41) Куба (187) Кипар (17) Чехословачка (209) Данска (117) Џибути (8) Доминиканска Република (32) Еквадор (13) Египет (83) Ел Салвадор (4) Екваторска Гвинеја (7) Естонија (37) Етиопија (23) Фиџи (19) Финска (89) Франција (376) Габон (8) Гамбија (5) Германија (486) Гана (37) Велика Британија (376) Грција (72) Гренада (4) Гуам (22) Гватемала (14) Гвинеја (8) Гвајан (6) Хаити (70 Хондурас (10) Хонгконг (38) Унгарија (222) Исланд (29) Индија (53) Индонезија (47) Иран (40) Ирак (9) Ирска (58) Израел (31) Италлија (323) Јамајка (36) Јапонија (272) Јордан (7) Кенија (51) Северна Кореја (64) Јужна Кореја (244) Кувајт (36) Лаос (6) Латвија (340 Либан (13) Лесото (6) Либија (6) Лихтенштајн (7) Литванија (47) Луксембург (6) Мадагаскар (14) Малави (4) Малезија (28) Малдиви (7) Мали (5) Малта (7) Мавританија (6) Маврициус (13) Мексико (134) Монако (2) Монголија (33) Мароко (53) Мозамбик (6) Мјанмар (4) Намибија (6) Непал (5) Холандија (215) Холандски Антили (4) Нов Зеланд (137) Никарагва (8) Нигер (3) Нигериоја (57) Норвешка (85) Оман (5) Пакистан (27) Панама (5) Папуа Нова Гвинеја (13) Парагвај (30) Перу (16) Филипини (34) Полска (205) Португалија (100) Порторико (75) Катар (31) Романија (176) Руанда (10) Свети Винсент и Гренадини (6) Самоа (5) Сан Марино (17) Саудиска Арабија (9) Сенегал (21) Сејшели (11) Сиера Леоне (11) Сингапур (14) Словенија (35) Соломонски острови (1) Јужноафриканска Република (94) Шпанија (489) Шри Ланка (11) Судан (6) Суринам (6) Свазиленд (6) Шведска (192) Швајцарија (114) Сирија (10) Танзанија (9) Тајланд (47) Того (6) Тонга (5) Тринидад и Тобаго (17) Тунис (14) Турција (47) Уганда (8) Заедница на независни држави (494) ОАЕ (14) САД (578) Уругвај (23) Вануату (6) Венецуела (37) Виетнам (7) Американски Девствени Острови (24) Јемен (13) Заир (20) Замбија (9) Зимбабве (19)
Независни олимписки учесници (59)
Освојувачи на медали
1 24п Заедница на независни држави 45 38 29 112 2 37 34 37 108 3 33 21 28 82 4 16 22 16 54 5 14 6 11 31 6 13 7 2 22 7 12 5 12 29 8 11 12 7 30 9 8 5 16 29 10 7 9 11 27
Поврзано Олимписки игри Меѓународен олимписки комитет МОК кодови за земјите Летни параолимписки игри - 1992
Надворешни врски
на Мок за Летните олимписки игри - 1992 Олимписка фондација Барселона Официјална репортажа за 25. Летни олимписки игри Олимписки преглед 1992 - Официјални резултати Олимписки стадион Барселона
Категорија:Спортот во Барселона