Скриеносемените (цветни) растенија (научно: оддел Magnoliophyta, по растението магнолија, уште и Angiospermae, од латински angi = затворено, грчки sperma = семе) сочинуваат оддел или тип во кој спаѓаат цветните растенија, кои воедно се и доминантната форма на растенија на Земјата. Овие растенија се главниот извор на храна за повеќето цицачи и човекот, како и извор на повеќе материјали и природни производи. Тука се вклучени најмногу грмушки и тревести растенија, повеќето познати дрвја (освен боровите и другите четинари), како и некои специјализирани растенија од типот на сочници, паразити и водни растенија. Познати се околу 230.000 видови на цветни растенија. Тие доминираат во повеќето копнени екосистеми. Околу две третини се наоѓаат во тропските региони, каде се во голема опасност од истребување како резултат на човечката дејност. Само околу 1.000 видови се од поголема економска важност, а како хранлив ресурс служат околу 15 видови. мини|Палма и нејзините плодови е претставник на монокотиледоните Скриеносемени растенија се наречени поради тоа што нивната семка е заштитена во внатрешните делови на плодот со дебела и црвста обививка, за разлика од голосемените растенија каде што семката не е заштитена со дебела и цврста обвивка, туку се наоѓа залепена на дрвенестите ливчиња на женската шишарка која што е заштитена со нежно, тенко и привидно крилце за да се заштити при процесот на расејување.
Скриеносемените растенија се делат на монокотиледони и дикотиледони. Одлики на монокотиледоните се: тие имаат 1 котиледон (1 семено ливче), имаат жилест корен, спроводните снопчиња (ксилем и флоем) се расфрлани, имаат паралелна нерватура на лист и имаат трочлен цвет. Примери за монокотиледони се: житни растенија, кокос, урма, банана и слично. Одлики на дикотиледони растенија се: тие имаат 2 котиледона (2 семени ливчиња), имаат осков корен, спроводните снопчиња во вид на прстен, имаат жилеста нерватура на лист и имаат петточлен цвет. Примери за дикотиледони се: грав, леќа, грашок, боранија, краставица, домат и слично.
Цветот како основно обележје на скриеносемените растенија 200px|thumb|лево|Различни бои и форми на цветови. 200px|thumb|лево|Дванаесет различни цветови на растенија од фамилијата главоцветни (Asteraceae)
Повеќе информации во Цвет.
Карактеристично обележје на скриеносемениците е цветот, чија функција е размножување преку развиток на семе. Цветот е силно изменет изданок составен од четири основни делови поредени во одделни кругови. Надворешниот круг се состои од чашкини ливчиња (sepala) кои обично се зелени. Внатрешниот круг е изграден од венечни ливчиња (petala) кои исто така се изменети листови, но најчесто се повпечатливо обоени. Третиот круг го сочинуваат прашниците (stamen), односно машкиот дел од цветот кој произведува полен. Највнатрешниот дел од цветот е женскиот и е претставен со плодните листови (pistillum-и) кои се сраснати и образуваат плодник (carpellum).
Семето кај скриеносемениците се развива во јајчник, дел од плодникот кој ги обвива и заштитува овулите што содржат јајце-клетки. Семето се развива од овулата по опрашувањето и оплодувањето. Овулите и семињата, сепак, не се среќаваат само кај скриеносемениците. Нив ги има и кај голосемените растенија. Развитокот на семиња од овулите затворени во јајчник (овариум), кој се зголемува во плод како што оплоденото семе расте, е единствена одлика за скриеносемениците.
Еволуција мини|Никулец на жолт грав (претставник на дикотиледони) Цветот веројатно еволуирал од некоја изумрена голосемена група на растенија која поседувала хермафродитни шишарки што се опрашувале со помош на инсекти. Денешните голосеменици најчесто се опрашуваат со ветер (анемофилија), но кај некои фосили постојат индикации за опрашување со инсекти (ентомофилија).
Во 2019 година, молекуларните испитувања на растенијата ја покажаа нивната еволуција:Главните групи на живите скриеносеменици се:
Кладограм од 2016 година, класификација (APG) IV. Во 2024 година, Александар Р. Зунтини со соработиниците конструирал дрво на околу 6.000 родови на скриеносеменици, со што се претставени околу 60% од живите родови, а врз основа на анализа на 353 гени од секој вид. Голем дел од филогенезата е потврден со ова.. центар|мини|Филогенеза на скриеносеменици 2024|665x665пкс
Таксономија Најголем дел се евдикоти (75%), монокоти се 23%, и магнолиди се 2% клади. Останатите 5 клади содржат нешто повеќе од 250 видови, односно тоа е помалку од 0.1% од разновидните скриеносеменици, и поделени се на 9 семејства. Овде се дадени 25 најбогати семејства од сите 443, во кои спаѓаат над 166.000 видови: +25 најголеми семејстваРангирање според големинатаСемејстваБрој на видови1Asteraceae или Compositae22,7502Orchidaceae21,9503Fabaceae или Leguminosae19,4004Rubiaceae13,1505Poaceae или Gramineae10,0356Lamiaceae или Labiatae7,1757Euphorbiaceae5,7358Melastomataceae5,0059Myrtaceae4,62510Apocynaceae4,55511Cyperaceae4,35012Malvaceae4,22513Araceae4,02514Ericaceae3,99515Gesneriaceae3,87016Apiaceae или Umbelliferae3,78017Brassicaceae или Cruciferae3,71018Piperaceae3,60019Bromeliaceae3,54020Acanthaceae3,50021Rosaceae2,83022Boraginaceae2,74023Urticaceae2,62524Ranunculaceae2,52525Lauraceae2,500
Наводи
Категорија:Растенија