Бал-кан-кан — македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец што патува низ Балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година.
Глумечка екипа
Глумец Улога Владо Јовановски Трендафил Каранфилов Адолфо Марџота Сантино Џеновезе Ѕвезда Ангеловска Ружа Каранфилова Бранко Ѓуриќ Шефкет Рамадани Сека Саблиќ Зумбула Тони Михајловски Џанго Миодраг Кривокапиќ Веселин Кабадајиќ Никола Којо Осман Ризванбеговиќ Владимир Ендровски Стипе Прикачин Бранко Огњановски Серафим Каранфилов Катерина Шехтанска Убава Танцерка Васко Тодоров Витомир Наџи Шабан Карлито Љупчо Бубо Каров Цацко
Реакции Рецензии Филмот, во главно, е добро прифатен од критиката. Денис Харви од Variety, вели дека "Сценаристот-режисер Дарко Митревски ги поместува границите... Циничното, халуцинаторно, модерно „Патување на Аџијата“ е патување исполнето со меморабилни секвенци кои несомнено ќе му дадат култен статус меѓу авантуристички настроените синеасти."
Гледаност Филмот е гледан од повеќе од 500,000 луѓе во Република Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија.
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Македонски филмови од 2000-тите Категорија:Италијански филмови од 2000-тите Категорија:Филмови на Дарко Митревски Категорија:Филмови од 2005 година Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија Категорија:Појавено во 2005 година во Италија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во 2001 година Категорија:Македонски филмови Категорија:Филмови на македонски јазик