Марија Валентина Вецали (итал. Maria Valentina Vezzali), (р. 14 февруари 1974 во Јези) е италијанска мечувалка со освоени пет златни олимписки медали во дисциплината флорет. Вецали била првиот мечувалец во историјата кој освоил три златни медали за поединечен флорет на три последователни олимпијади - Сиднеј 2000, Атина 2004 и Пекинг 2008.

Освоила и златни медали на Светското првенство во мечување, пет на поединечни натпревари (1999, 2001, 2003, 2005, 2007) и уште пет на екипни натпревари (1995, 1997, 1998, 2001, 2004), а покрај тоа освоила и четири сребрени медали (две поединечни, 1994 и 2006, и две со италијанската репрезентација, во истите години) како и два бронзени медала (поединечно, 1995 и 1998).

На Европските првенства освоила пет златни медали (поединечно: 1998, 1999, 2001; екипно: 1999, 2001), три сребрени медали (поединечно: 2003, 2007; екипно: 2007), два бронзени медала (поединечно: 1993; екипно: 1998).

Во 2006 Вецали ја издала својата автобиографија насловена како „Со откриено лице“ (A volto scoperto), во соработка со Катерина Лукети.

Омажена е за италијанскиот фудбалер Доменико Џуљано и има еден син.

Надворешни врски Официјално мрежно место на Валентина Вецали Лични податоци

Вецали, Валентина Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1974 година