Средишница. Комбинација е шаховска книга, дел од творештвото на познатиот руски меѓународен мајстор и автор на шаховска литература Петар Романовски. Книгата е напишана во 1963 и претставува продолжение на делото Средишница. План. Во неа се коментирани и анализирани избрани шаховски партии од повеќе перидои од развојот на шаховската игра, како и извадоци од партии кои содржат поучни комбинации и техники на игра од среидшницата. Во ова дело, вниманието е обрнето на комбинацијата, нејзината улога во текот на играта и нејзиното спроведување. Книгата е напишана на руски јазик.

Содржина Како што гласи и насловот на делото, така и неговата содржина се темели врз улогата на комбинацијата во патот кон победата и значењето на средишницата во одредувањето на карактерот на завршницата. Врз основа на ова, авторот преку анализа и коментар на поучни партии и извадоци успеал на читателот да му ја долови основната тема во 13 глави: Глава I - Што е тоа комбинација? Глава II - Комбинациони елементи - мотив и тема Глава III - Естетика на комбинациите. Општи можности Глава IV - Идеја и техника во комбинациите. „Задушен крал“ Глава V - Повеќе за естетиката. Псевдожртва. Жртва на дама Глава VI - За теоријата на комбинацијата. Типични идеи Глава VII - Понова историја на комбинациите. Бесмртната партија. Ремек-дела на крајот од 19, век Глава VIII - Двоен удар. Пешачки теми Глава IX - Положбена слабост - комбинационен мотив. Комбинации, искористување на слабостите во позицијата на рокада. Жртва на ловец за пешак на g3, h3, g6 и h6. Глава X - Комбинационен напад на два ловца. Хармонија на топот по втората и седмата хоризонтала. Жртва на топ на g7. Глава XI - Хармонија на топ и ловец. Заробување на фигурите Глава XII - Сведување на завршница во различни комбинациони идеи Глава XIII - За размислувањата на шахистите за време на шаховската партија

Стил на пишување Содржината на делото „Средишница. Комбинација“ односно секоја глава пооделно е исполнета со писмена анализа и коментар на високо ниво, а промените во партијата или извадокот којшто е предмет на анализа се претставени на соодветни дијаграми по неколку одиграни потези.

Поврзано Средишница. План

Надворешни врски Мрежно место на кое книгата може да се подигне во DJVU формат

Категорија:Шаховски книги Категорија:Шахот во 1963 година Категорија:Книги од 1963 година