Цветот на мојата тајна ( е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1995 година.

Синопсис Мариса Паредес е Леокадија (Лео) Масијас, жена која пишува романи под псевдонимот Аманда Грис. Нејзините романи се популарни во цела Шпанија. Но нејзиниот приватен љубовен живот е во проблеми. Лео има несреќна врска со сопругот Пако, офицер кој подоцна ќе отпатува во Босна, кој не е близок со неа ни физички ни емоционално.

Лео почнува да го менува начиот на пишување и се задржува на темни теми како болка и загуба и веќе не може да ги пишува новелите на Аманда Грис, бидејќи издавачите сакаат среќни краеви. Лео почнува да го преиспитува својот живот, врската со сопругот, нејзината „најдобра“ пријателка Бети, сестра ѝ Роса и постарата мајка. Исто така, го запознава Анхел, уредник на весник кој ќе се вљуби во Лео и во нејзиниот стил на пишување.

Награди 1996 - 7 Гоја номинации Мариса Паредес освои неколку награди за најдобра главна улога.

Надворешни врски

Interview with Pedro Almodóvar about The Flower of My Secret

Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на Педро Алмодовар Категорија:Филмови на француски јазик