„Илинден“ или Македониум — споменички комплекс во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание. Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабул. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.
Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Објектот има облик на боздоган. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.
Историја Во јуни 1968 година, било издадено Решението за именување на конкурсната комисија за спроведување конкурс за изработка идеен проект за изведба на споменик на Национално-ослободителната борба и Илинденското востание.
мини
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Споменик „Илинден“ (Македониум) – Симбол на непокорот, Музеј Крушево
Категорија:Споменици во Крушево Категорија:Дела на Јордан Грабулоски Крушево