Дарма (санскрит: dhárma, пали dhamma), е индиски филозофски и религиозен поим што ја означува човековата праведна должност или било која доблест во смисла на здравиот разум. Низ индиската филозофија, дарма се претставува како централен концепт што се користи со цел да ја објасни „повисоката вистина“ или конечната реалност на универзумот.
Зборот дарма во буквален превод значи „она што поддржува“. Симболот на дарма - тркалото - е централен мотив на националното знаме на Индија.
Во популарната култура „Дарама за еден“ (англиски: Dharma For One) - песна на британската рок-група „Џетро тал“ (Jethro Tull) од 1968 година.Discogs, Jethro Tull – This Was (пристапено на 9.12.2020)
Надворешни врски
Дарма-Карма-Самсара меѓународен дарма центар на податоци Глобален дарма центар Санатана дарма
Поврзано Тао (кај Кинезите) Мистицизам Хинду филозофија Будистичка филозофија Карма Фард (кај муслиманите) Маат (кај Египќаните) Наводи
Категорија:Хиндуизам Категорија:Будистички поими