Матадор () е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар снимен во 1986 година. Анхел (Антонио Бандерас), младо момче кое учи да стане матадор, признава дека е виновен за убиства кои не ги извршил и започнува врска со неговата адвокатка, Марија (Асумпта Серна). Темите во филмот се секс, смрт и религија.

Синопсис Диего Монтес е борец со бикови кој морал предвреме да се пензионира поради повреда. Оттогаш, неговите жртви не се бикови, туку жени; откако води љубов со нив, ги убива.

Марија Карденал е адвокат која потајно ја обожава уметноста на убиецот. За време на климаксот, таа ги убива партнерите.

Обајцата мора да се сретнат и да го избегнат неизбежливото.

Надворешни врски

Almodovar's 'Matador,' Surrealist Sex Comedy, The New York Times The Spinning Image (Detailed Review)

Категорија:Филмови од 1986 година Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на Педро Алмодовар