Об () — река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската Низина. Реката е долга 3.650 км, но од изворот на нејзината најдолга притока Иртиш 5.410 км со што е шеста седма најдолга река во светот. Реката својот тек го завршува во Опскиот Залив (Карско Море), создавајќи речна делта долга 80, а широка од 30 до 90 км.

Потекло на поимот

За реката Об можно е да се слушнат и други имиња. Луѓето од народот Канти ја нарекуваат Ас, Јаг, Колта и Јема, додека пак луѓето од народот Ненец Кјолта и Квај, а Сибирските Татари Умар или Омар.

Течение и географски податоци

Об извира во подножјето на планината Алтај северозападно од градот Блиск. Со течението на реката на север се намалува и надморската висина, сè до вливот во Опскиот Залив каде што изнесува 0.

Течението на реката е поделено на 3 тека:

Горен тек тек: До вливот на реката Том во Об; Среден тек: До вливот на Иртиш во Об; и Долен тек: До вливот на Об во Опскиот Залив.

Во горниот тек, Об главно тече низ висорамнини, а со вливот на реката Иртиш се создава асиметрија на бреговите, па така на десната брег се простираат возвишенија и стрмнини додека на левиот брег рамнини.

Во долниотѕ тек, Об забавува, а во околината на реката се создаваат мочуришта. десно|250п|мини|Поглед на Об од Новосибирск Притоки

Во својот тек, во Об се влеваат повеќе реки. Најдолги леви притоки се Иртиш, Васјуган и Сосва, а најдолги десни Том, Чулим, Кет, Тим и Вак.

Градови низ кој поминува реката

Барнаул Новосибирск Колпашево Нижневартовск Сургут Канти- Мансијск Берјозово Лабитнанги Салехард

Надворешни врски

Податоци и карта со течението на реката Об Репортажа за реката Об Интересни места на реката Об

Категорија:Реки во Новосибирската област Категорија:Реки во Томската област Категорија:Реки во Алтајскиот крај Категорија:Опски слив Категорија:Реки во Јамало-ненецкиот автономен округ Категорија:Реки во Ханти-мансискиот автономен округ Категорија:Географија на Сибир