thumb|right|200px|Лече ноќе right|300px|thumb|Плоштад во Лече thumb|right|200px|Лече снимен од авион
Лече (италијански Lecce) — град во јужна Италија, главен град на регионот Апулија и на истоимената провинција, сместен во областа Саленто. Овој град е особено важен поради бројните културно-уметнички знаменитости од периодот на барокот
Географска местоположба
Лече се наоѓа на 11 км оддалеченост од јадранскиот брег и на 23 км од јонскиот.
Растојанието од другите поголеми градови во Апулија е следново:
287 км од Фоџа 216,1 км од Барлета 211,1 км од Андрија 203 км од Трани 152,9 км од Бари 109 км од Таранто 39,2 км од Бриндизи
thumb|left|200px|Римскиот амфитеатар во Лече
Клима Климата во Лече е генерално средоземна, со понекои влијанија кои се должат на континенталната клима.
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Просек Максимална средна температура (°C) 13 13 16 19 24 28 31 31 27 22 17 14 21,2 Минимална средна температура (°C) 5 5 6 9 12 16 19 19 17 13 9 6 11,3
Збратимени градови Мурција од Шпанија Скопје од Република Македонија Палермо од Италија Верона од Италија
Надворешни врски Официјално мрежно место на општина Лече
Категорија:Градови во Италија Категорија:Градови во Апулија