Варшава () — главен град на Полска. Сместен е на реката Висла, околу 350 км од Балтичкото Море и Карпатските Планини. Проценет број на население во 2018 г. изнесува 1.764.615.

Варшава е најголемиот град во Полска по население и површина. Тој е и единствениот полски град чиј политички систем е дефиниран со посебен акт. Од 2002 година е урбана општина со статус на град со право на повијат (административна единица од втор степен). Се состои од 18 помошни единици - населби на главниот град на Варшава.

Варшава е важен научен, културен, политички и економски центар. Тука се и седиштата на, меѓудругото, Претседателот на Република Полска, Сејмот и Сенатот, Советот на министри и Народната банка на Полска. Варшава е и седиште на агенцијата Фронтекс, одговорна за безбедноста на надворешните граници на Европската унија, и Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), агенда на ОБСЕ.

Во 2020 година, Think tank Глобализацијата и светските градови (GaWC), проучувајќи ги меѓусебните односи меѓу светските градови во контекст на глобализацијата, ја класифицира Варшава во категоријата Алфа The World According to GaWC 2020. W: Loughborough University [on-line]. lboro.ac.uk. [dostęp 2021-04-05]..

Потекло на поимот

Историја

Најважни настани мини|250x250пкс|Стариот дел од Варшава Варшава низ историјата поминала низ разни драматични моменти. Градот дури неколкупати бил разрушуван од освојувачите. Најважни историски настани се: Преместувањето на престолнината во Варшава Востанието на Косчуш Немвриско и Јануарско востание Прва светска војна и добивање независност на Полска Втора светска војна и Варшавско востание Изградба по уништувањето од Втора светска војна.

Познати жители Кшиштоф Камил Бачињски (1921. - 1944.), поет Еугенијуш Бодо (1899. - 1943.), глумец и пејач Збигњев Бжезињски (1928.), советник на претседателот Фредерик Шопен (1810. - 1849.), композитор и пијанист Марија Кири -Склодовска (1867. - 1934.), хемичар Луцина Чвиерчакиевичова (1829. - 1901.), авторка на првата полска кулинарска книга Витолд Гомбрович (1904. - 1969.), писател и драматург Агњешка Холанд (1948.), режисер Јацек Качмарски (1957. - 2004.), поет и пејач Лех Качињски (1949. - 2010.), претстедател на Полска Ричард Капусћински (1932.), писател и новинар Кшиштоф Кјесловски (1941. -. 1996), режисер Ричард Куклињски (1930. - 2004.), шпион ЦИА за време на студената војна Витолд Лутославски (1913. - 1994.), композитор Адам Михник (1946.), еден од организаторите на опозициската партија Владислав Римонт (1867. - 1925.), писател Вацлав Серпињски (1882. - 1969.), математичар Антони Слоњимски (1895. - 1976.), Писател Стефан Стажињски (1893. - 1943.), предстедател на Полска Владислав Шпилман (1911. - 2000.), композитор, пијанист и автор на мемоари Стефан Вихецки (1896 - 1979.), писател и новинар Станислав Игнаци Виткјевич (1885. - 1939.), писател, сликар и фотограф

Населението на Варшава низ историјата 220п|десно|мини|Железничка станица Населението на Варшава во историјата изгледа вака: Година Населениe1700 30.0001792 120.0001800 63.0001830 139.0001850 163.0001882 383.0001900 686.0001925 1.003.0001939 1.300.0001945 422.000 1956 1.000.0001960 1.139.2001970 1.315.6001975 1.436.1001980 1.596.1001990 1.611.8002003 1.689.600 (31 декември)20141.726.58120181.764.615

Денешна Варшава

Самоуправа Заедно со трансформација на системот на Варшава се враќа и варшавската самоуправа. По многуте јавни дискусии на 18 мај 1990 година, парламентот го усвојува законот за друштвено уредување на Варшава. На 27 мај на демократски избори, граѓаните на Варшава ги избраа своите претставници на седум општини. За претседател на градското собрание на градот Варшава е избран Станислав Вигановскиег, кој ја извршувал оваа функција од 27 јануари 1990. Варшава по вторпат станува центар на расправата во парламентот кој на 25 март 1994 година ја усвоил одредбата за поделба на градот на 11 независни општини. Во април 1995 година започнало со работа и Варшавското метро. Прв градоначалник на Варшава по новиот устав бил Лех Качињски.

Претседател Во рамките на Варшавскиот устав од 27 октомври 2002 година, претседател на Варшава се бира непосредно од страна на граѓаните, додека неговите заменици не доаѓаат на функција со изборите. Во овластувањата на претседателот спаѓаат и управување со имотот на градот како и надзор над собранието на Варшава. Сегашниот (ноември 2007 година) претседател Хана Гронкјевич Валц, улогата претседател ја врши од 5 декември 2006 година.

Градско собрание Во градското собрание на Варшава учествуваат 60 советници. Тие е бираат, на непосредни, пропорционални избори на секои четири години. Како и сите останати органи на самоуправата, градското собрание се дели на комисии.

Одлуките во собранието вообичаено се донесуваат со мнозинство гласови, а потоа се праѓаат кај градоначалникот на потврдување. Доколку градоначалникот стави вето на одлуката на собранието, тоа има рок од 30 дена да донесе нова одлука која треба да се усвои со двотретинско мнозинство. Секоја од 18-те општини на Варшава имаат посебно општинско собрание.

Градско планирање и архитектура Историските градби на Варшава биле многупати оштетени за време на војните. Особено настрадале за време на Втората светска војна. Градот е обновен со голем труд на целото население на Полска. Реконструкцијата на Стариот град, која на 2 Септември 1980 година беше ставена на списокот на светско наследство на УНЕСКО, како исклучителен пример за целосна реконструкција на историскиот комплекс. Реконструкцијата ја извршила Канцеларијата за Реконструкција на Главниот Град, чии досиеја (14.679 досиеја) беа внесени на списокот Меморија на Светскиот Меѓународен Регистар на УНЕСКО во 2011 година.

Сепак, комунистичките власти придонесоа за натамошно уништување - цели комплекси згради (во близина на Палатата на Културата и Науката) биле урнати, добро сочуваните згради од 19 и почетокот на 20 век биле урнати, а фасадите биле лишени од декорации кои биле почитувани како за буржоаско наследство. Предвоениот урбан план честопати бил нарушуван. Во подецнежниот период, на следните власти им недостигала визија за просторниот развој на градот и доследност во просторното планирање.

Највисоките објекти и градби Историјата на високите згради во Варшава датира од почетокот на 20 век, кога е подигната зградата ПАСТ висока 51 метар. Пруденцијална Куќа е изградена во периодот 1931–1933 година. Помеѓу 1952-1955 година била изградена Палатата на Културата и Науката, која останува највисоката зграда во Варшава и Полска. Современите високи згради, како што се Intraco I и Elektrim зградата, почнале да се градат во 1970-тите. Во Варшава има околу 60 згради високи над 65 метри, 24 згради високи над 100 метри и 11 облакодери високи над 150 метри.Највисоката зграда, висока 237 метри е Палатата на Културата и Науката. Следните две во однос на висината се Варшава Спир (220 м) и Трговската Кула Варшава (208 м). Облакодерот Варсо кој е во изградба ќе биде со висина од 310 метри (со шпиц од 80 метри) и ќе биде највисоката зграда во Европската Унија и петта највисока во Европа. Највисоката градба во Варшава е оџакот на топланата Кавечин (300 метри).

Историски споменици Центар на стариот град Варшава се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1980 година. Од друга страна, регистарот на споменици вклучува, меѓу другото, урбаництички планови и градежни комплекси, архитектонски и градежни дела, одбранбени објекти, технички објекти, гробишта, паркови, градини и археолошки споменици. Во 2006 година, регистарот на недвижни споменици содржеше приближно 1.300 предмети од областа на Варшава. Повеќето од уништените споменици за време на војната биле обновени, иако понекогаш нивниот изглед се менувал во однос на предвоениот. Еден од нив, меѓудругите е и Кралскиот замок. Сепак, во главниот град има многу вредни градби кои ја преживеале војната без поголеми оштетувања, како што се палатата Виланов, црквата на Сестрите Визитки и црквата Св. Успение на Пресвета Богородица на ул. Краковско Предградие или Претседателската палата.

Кралскиот замок заедно со плоштадот

Стариот град

Новиот дел од градот

Центарот на градот

Кралска патека

Театарскиот плоштад и неговата околина

Географија

Местоположба Варшава се наоѓа на средниот дел од текот на Висла во средноамазонската низина. Нејзината средна надморска височина изнесува околу 100м. На теренот на градот се наоѓаат неколку возвишувања, повеќето вештачки создадени. Градот се наоѓа и на двата брега на Висла. Варшава е оддалечена околу 350км од Карпати и Балтичко Море.

Клима Климата во Варшава е влажна континентална. Средната годишна температура осцилира околу 8°С (-3°С во јануари и 19°С во јули). Годишната количина на врнежи не преминува преку 680мм а највлажен месец во годината е јули.

Реони мини|rihht|300п|Административна поделба на Варшава од 2002 година

Од август 1994 година Варшава била сојуз од 11 општини: Варшава-центар, Варшава-Биалоленка (Warszawa-Białołęka), Варшава-Таргувек (Warszawa-Targówek), Варшава-Рембертув (Warszawa-Rembertów), Варшава-Вавер (Warszawa-Wawer), Варшава-Виланов (Warszawa-Wilanów), Варшава-Урсинув (Warszawa-Ursynów), Варшава-Влохи (Warszawa-Włochy), Варшава-Урсус (Warszawa-Ursus), Варшава-Бемово (Warszawa-Bemowo), Варшава-Биелани (Warszawa-Bielany).

Со реформите спроведени на 27 октомври 2002 година. Варшава претставува само една општина. Освен тоа, границите на Варшава се проширилетака што Варшава добила надлежност и над дотогашната посебна општина Весела.

Административна поделба

Моментално варшава е поделена на 18 административни делови. Секој од нив има ограничена самоуправа.

Најважни приградски населби се: Прушкув (Pruszków) (53.000) Легионово (Legionowo) (50.600) Отвоцк (Otwock) (44.000) Воломин (Wołomin) (36.500) Нови Двур Мазовјецки (Nowy Dwór Mazowiecki) (27.518) Пјасечно (Piaseczno) (25.200) Гроѓиск Мазовјецки (Grodzisk Mazowiecki) (24.900) Пјастув (Piastów) (23.700) Марки (Marki) (19.000) Зомбки (Ząbki) (20.363) Раѕимин (Radzymin) (18.398) Сулејувек (Sulejówek) (17.600) Зиелонка (Zielonka) (16.454) Кобилка (Kobyłka) (16.300) Миланувек (Milanówek) (15.000) Јузефув (Józefów) (14.800) Ломјанки (Łomianki) (13.600) Брвинув (Brwinów) (11.500) Ожарув Мазовјецки (Ożarów Mazowiecki) (10.663)

Демографија На 30 септември 2003 година во Варшава живееле 1.689.648 жители, од нив 908.814 жени и 780.834 мажи. Во посебните делови на градот, бројот на населението изнесувал:

Мокотув (Mokotów) - 231.552 Јужен Праг (Praga Południe) - 187.845 Вола (Wola) - 146.328 Урсинув (Ursynów) - 137.716 Биелани (Bielany) - 137.270 Срудмиесче (Śródmieście) - 136.956 Таргувек (Targówek) - 123.232 Бемово (Bemowo) - 105.030 Охота (Ochota) - 93.192 Севернаен Праг (Praga Północ) - 74.304 Биалоленка (Białołęka) - 64.010 Вавер (Wawer) - 63.297 Жолибож (Żoliborz) - 50.934 Урсус (Ursus) - 44.312 Влохи (Włochy) - 39.405 Рембертув (Rembertów) - 21.751 Весола (Wesoła) - 18.482 Виланув (Wilanów) - 14.032

Најгуста населеност е во Срудмиесче (8772 ж/км2), а најмала во Виланув (355 ж/км2). Просечна густина на населеност за целиот град изнесува 3258 ж/км2.

Индустрија По втората светска војна, комунистичките власти одлучиле од Варшава да направат важен центар на тешка индустрија. Во градот се отворени неколку десетици големи фабрики. Во моментов, Варшава стана седиште на многу водечки полски и странски претпријатија. Најголемите од нив, кои имаат и значително влијание на локалниот пазар на труд, ги вклучуваат: Samsung, Saint-Gobain, Danone, CD Projekt, LOT Airlines, Astra Zeneca и многу други.

Трговија Варшава, а посебно варшавското Срудмесче, спаѓа во најголемите бизнис центри во Средна Европа. Во 2003 година биле регистрирани 268.307 фирми, а странските инвеститори во градот вложиле над 650 милиони евра во истата година. Варшава произведува дури 4,1% од полскиот БДП.

Образование мини|лево|Нова универзитетска библиотека