Хилари Ерхард Даф () (родена 28 септември 1987) е американска глумица, пејачка, текстописец, претприемач, модел, продуцент и автор. Родена и одгледана во Хјустон, Тексас, Даф се појави во локалните театарски продукции и телевизиски реклами пред стане позната во насловната улога во тинејџерската комедија „Лизи Мекгваер“ (анг. Lizzie McGuire) на каналот „Дизни“ (анг. Disney Channel). Формирана како тинејџерски идол, Даф ја репризира таа улога во филмот „Малата Лизи Мекгваер“ (анг. Lizzie McGuire) (2003) и се впушта во филмската индустрија со нејзините почетни филмови „Агент Коди Бенкс“ (анг. Agent Cody Banks) (2003), „Попуст на количина“ (анг. Cheaper by the Dozen) (2003), „Приказна за Пепелашка“ (анг. A Cinderella Story) (2004) и „Попуст на количина 2“ (анг. Cheaper by the Dozen 2) (2005) како дел од најголемите маркетиншки успеси во нејзината кариера.

Таа исто така учествува во низа на независни филмови со значајни улоги во „Воена Инкорпорација“ (анг. War, Inc.) (2008), „Според Грета“ (анг. According to Greta) (2009) и „Блодворт“ (анг. Bloodworth) (2011). Даф исто така се појавува и во многубројни телевизиски драми и комедии, како што се „Шепот на духови“ (анг. Ghost Whisperer), „Озборувачка“ (анг. Gossip Girl) и „Два и пол мажи“ (анг. Two and a Half Men), во прилог на споделување продукциски заслуги. Освен тоа, Даф исто така го позајмува својот глас за неколку анимирани филмови, како што се „Во потрага по Дедо Мраз“ (In Search of Santa) (2004) и „Крилја“ (2013). Во 2013, како гост глуми во посебна епизода од „Дора истражувачот“ (анг. Dora the Explorer). По потпишувањето за Холивуд рекордс, Даф го прошири нејзиниот репертоар за да ја вклучи поп-музиката, и има издадено четири меѓународно успешни студиски албуми. Нејзиниот деби албум, „Метаморфозис“ (анг. Metamorphosis), издаден во 2003, беше тројно сертифициран со платина од Здружението на музичките сниматели на Америка додека последователниот студиски албум „Хилари Даф“ (Hilary Duff) (2004) и албум компилација „Најбаранoтo“ (анг.Most Wanted) (2005) беа и двата сертифицирани со платина. Таа покажа зрелост со издавањето на „Достоинство“ (анг. Dignity) во 2007, којшто е прикажан како промена на нејзиниот стил на звук повеќе ориентиран кон играње. Сертифициран со злато, албумот „Со љубов“ (анг. With Love) ја изроди нејзината највисока позиција на американската сингл листа до моментот, којшто исто така се наоѓаше на број 1 на табелата Хот Денс Клуб песни на списанието „Билборд“. Тоа беше првиот од нејзините три последователни број еден на таа табела. Пред издавањето на „Најдоброто од Хилари Даф“ (анг.Best of Hilary Duff) во 2008 година, компилација од нејзините најголеми хитови, Даф има продадено 13 милиони албуми низ светот и настапувано ширум светот на четири концертни турнеи. Издавањето на „Бест оф“ автоматски го заврши нејзиниот договор со Холивуд рекордс по шест години на служба. По престанокот на нејзиниот договор со Холивуд рекордс, Даф зема неколку годишна пауза од нејзината музичка кариера и се фокусираше на својата глумечка и писателска кариера. Почнувајќи од септември 2013 година, Даф моментално работи на нејзиниот петти студиски албум за кој допрва треба да бидат откриени неговата издавачка куќа, премиерна дата и насловот. Разгранувањето во разни други индустрии, Даф се насочи кон модата со лансирањето на линија на нејзина сопствена облека, „Нешта од Хилари Даф“ и „Femme за DKNY Jeans“, освен тоа што потпиша со ИМГ Моделс и лансираше две ексклузивни колекции на парфеми со Елизабет Арден. „Нешта од Хилари Даф“, сепак, беше прекината во 2008 година, бидејќи Даф престана да има целосна контрола над сопствената линија на облека. За време на нејзината музичка пауза, Даф со помош на авторот Елис Ален, пишува серија од три новели за возрасни младинци. Трилогијата беше објавена под покровителство на корпорацијата „Симон и Шустер“. Првата новела „Еликсир“ беше објавена во октомври 2010 година. „Еликсир“ (анг. Elixir) беше топло прифатена и од критичарите и од обожавателите, и наскоро стана бестселер на „Њујорк Тајмс“. За поголема промоција на „Еликсир“, Даф започна турнеја за книгата наоколу во светот вклучувајќи ги Америка, Бразил, Франција и многу други земји. Огромниот успех на „Еликсир“ беше проследен со неговото продолжение, „Посветено“ (анг. Devoted), објавено во октомври 2011 година. Како што направи со „Еликсир“, Даф го промовираше „Посветено“ со турнеја, но овојпат само во рамките на САД. Последната книга во серијата, „Вистина“ беше објавена во април 2013 година. Трилогијата исто така постигна интернационален интерес со оглед на тоа дека Даф вредно работеше на промоцијата. Покрај глумечките, музички, модни и литературни потфати, Даф исто така придонесе за неколку хуманитарни цели. Меѓу нив беа „Благослови во ранец“ (анг. Blessings in a Backpack), кампања „Мисли пред да зборуваш“ (анг. Think Before You Speak Campaign), а неодамна во 2013 година, „Изгази го насилното однесување“. Што се однесува во врска со нејзиниот личен живот, Даф е омажена за поранешниот НХЛ играч Мајк Комри во 2010 година. Двојката заедно има син, роден во 2012 година.

Живот и кариера

1987-99: Ран живот и професионални почетоци

Хилари Ерхард Даф е родена на 28 септември 1987 година во Хјустон, Тексас. Таа пораснала меѓу Хјустон и Сан Антонио со нејзиниот татко Роберт Ерхард Даф, партнер во ланец на продавници во две области, нејзината мајка Сузан Колин (родена Коб), домаќинка која станала филмски и музички продуцент, и нејзината постара сестра Хајли, која исто така е глумица и пејачка. Од рана возраст, Даф тргнала по стапките на нејзината постара сестра и охрабрени од нивната мајка, двете се запишале на часови по глума, пеење и балет. Двете девојки имаат добиено улоги во продукциите на локалниот театар, и заедно на возраст од шест и осум години, учествувале во турнејата „БалетМет“ во продукција на „Наткракер“ во Сан Антонио. Зголемениот интерес за остварување во шоу бизнисот, сестрите Даф и нивната мајка се преселиле во Калифорнија во 1993 година, додека нивниот татко останал во Хјустон за да се грижи за својот бизнис. Сестрите неколку години биле на аудиции и станале дел од многу телевизиски реклами. Благодарение на нејзината глумечка кариера, Даф се школувала дома од 8 годишна возраст. За време на нејзините почетни години на глумење, Даф првенствено играла помали улоги како што е нејзиниот дел во вестерн мини-серијата „Вистинска жена“ (1997) на „Холмарк Ентертејмент“ и делот во ансамблот комедија-драма „Играње според срцето“ (1998). Нејзината прва поголема улога беше како малата вештерка Венди во „Каспер ја среќава Венди“ (анг. Casper Meets Wendy) , основано врз комичните стрипови на Харвеј, коишто беа издадени во 1998 година. Но, кога беше издадено доби претежно негативни коментари. Откако се појавува во споредна улога на Ели во телевизискиот филм „Колекционер на души“ (1999), кој беше основан врз новелата на Кетлин Кејн, Даф ја достигна наградата Најмлад артист за најдобра изведба во ТВ филм или пилот (Споредна млада глумица).

2000-02: Пробив со „Лизи Мекгваер“ и „Уличка на Дедо Мраз“ Во март 2000 година, Даф се појави во мала гостинска улога како болно дете во медицинската драма „Чикаго Хоуп“ веднаш пред да глуми едно од децата во пилот епизодата на Ен-Би-Си во ситкомот „Дадио“. Нејзиниот партнер во „Дадио“ изјавил: „После првиот ден работејќи со неа, помнам дека ѝ реков на мојата сопруга, ‘Ова младо девојче ќе биде филмска ѕвезда’. Таа беше сосема опуштена со себеси и убаво се чувствуваше во своја кожа“. Како и да е, пред емитувањето на шоуто, продуцентите ја елиминираа Даф. Депримирана, Даф изгуби волја да продолжи понатаму со нејзината глумечка кариера. Една недела подоцна, таа ја доби улогата на Лизи Мекгваер во ново настанатата детска телезивиска серија на каналот „Дизни“, откако нејзината мајка која стана нејзин менаџер во тоа време, ја пријавила на аудицијата. Даф глумеше несмасна тинејџерка која сонува да се вклопи во средината и да биде популарна. Шоуто ја направи Даф популарно домашно име, особено со целната демографска група на пред-тинејџери и адолесценти. Фокусирајќи се на централниот лик, мешовитиот медиумски формат се издвои од останатите тогашни програми на каналот „Дизни“, во суштина, стана предводник на каналот и дефинитивно шоу на почетокот на 2000 година. Шоуто првпат се емитуваше на каналот „Дизни“ на 12 јануари 2001 година, и беше хит рејтинг кој привлече околу 2,3 милиони гледачи по епизода. Како и да е, откако Даф го исполни нејзиниот договор 65 епизоди со Лизи Мекгваер, шоуто заврши.

Иако Дизни сметаше продолжување на франшизата на филмови и ударните телевизиски серии, овие планови пропаднаа поради претставниците на Даф кои рекоа дека таа не била доволно платена за предложената серија. Првата улога на Даф во театрален филм беше во „Човековата природа“ (2002) во кој таа отсликува млада верзија на женски природонаучник, кој го игра Патриша Аркет. Филмот е прикажан прв на фимските фестивали „Кан“ и „Санденс“. Даф исто така глуми како девојка со слободен дух која се бори во строго воено училиште во телевизискиот филм „Кадет Кели“ во 2002 година на каналот „Дизни“ кој стана најгледана програма на мрежата во својата 19 годишна историја. Даф стана заинтересирана во остварување на музичка кариера откако присуствуваше на концертот на радио „Дизни“ во 2001 година. Таа почнала часови за пеење пред да започне нејзината глумечка кариера; во продолжение на ова, така исто така стана една од клиентие на Андре Реке во Холивуд Рекордс. Музичката кариера на Даф започна со два саундтрак настапи: Во 2002 година, таа се појави на саундтракот на серијата „Лизи Мекгваер“, изведувајќи ја кавр верзија од „Не можам да чекам“ на Брук МекКлајмонт, која постигна голем успех на радиото „Дизни“, и компилацијата „ДизниМанија“ на Волт Дизни Рекордс, изведувајќи кавр на „Тики Тики Тики Рум“. Истата година таа објави празничен албум насловен „Уличка на Дедо Мраз“ кој беше колекција од божиќни песни кој вклучува дуети со нејзината сестра, Лил Ромео и Кристина Милиан. Придружен со еден сингл од каналот „Дизни“, „Кажи ми приказна (За претходната ноќ)“, албумот достигна 154 место на албумскиот список на САД Билборд 200 и беше сертифициран со злато. Додека пак нејзините песни беа хитови на Радио Дизни, вклучувајќи ги „Зошто да не?“ и „Од што се направени соништата“, двете од кои беа вклучени во филмот „Лизи Мекгваер“ (2003), Реке и менаџерите на Буена Виста Мјузик груп предвидоа Даф да допре до позрела публика. Даф беше во врска со пејачот Арон Картер меѓу 2001 и 2003 година, пред тој да ја запознае и да биде врска со Линдзи Лохан. Беше објавено дека Картер набргу потоа ја оставил Лохан и се вратил пак на Даф, започнувајќи расправија меѓу двете глумици. Откако Даф се појави со Чед Мајкл Муреј на црвениот тепих на премиерата на „Чуден петок“ (2003) на Лохан, за да потоа разгорувајќи ја кавгата Лохан да се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот на Даф „Попуст на количина“ (2003). Во 2007 година беше објавено дека двете се смириле, така што Лохан ја прифатила поканата на Даф за присуство на нејзината забава за промоција на албумот „Достоинство“. Расправија со Аврил Лавињ исто така направи ударни наслови бидејќи Лавињ ја нарече Даф „мамино девојче“. Двете немаа јавно помирување сè до средината на октомври 2013 година. 2003: „Метаморфозис“, „Агентот Коди Бенкс“ и „Попуст на количина“