Џерманвингс (Germanwings) — нискобуџетна авиопревозник со централа во Келн, Германија. Оперира на преку 66 одредишта низ Европа. Главна база на авиокомпанијата е аеродромот Келн/Бон, а како помали центри ги има аеродромите во Штутгарт, Берлин Шонефелд, Хамбург и Дортмунд.
Историја Авиокомпанијата беше основана во 1997 година, како "Eurowings Flug GMBH", и беше преименувана во Џерманвингс на 27 октомври 2002 година. Авиокомпанијата е во целосна сопственост на Eurowings, која пак е целосно контролирана од Луфтханза, која има и 49% удел во управувачкиот пакет на компанијата. Главни соперници на авиокомпанијата се останатите Европски ниско буџетни авиокомпании како: Ryanair и easyJet, како и TUIfly. Авиокомпанијата се шири со огромна брзина и продолжува да додава нови одредишта.
Одредишта
Погледни опширно: Одредишта на Џерманвингс.
Флота
Флотата на Џерманвингс се состои од еден единствен тип на авиони: 29 Ербас А319 (плус 9 нарачки)
Погледни исто така Аеродром Келн/Бон
Аеродром Берлин Шонефелд
Аеродром Хамбург
Аеродром Штутгарт
Луфтханза
Категорија:Авиопревозници од Европа Категорија:Авиопревозници од Германија Категорија:Луфтханза