Лашон Мерит (роден на ) е американски атлетичар кој се натпреварува во трката на 400m.

Во својата натпреварувачка кариера Лашон има склучено договор со светскиот бренд за спортска опрема Најки. На светското првенство во Осака во 2007, тој го освои сребрениот медал во трката на 400m и златниот како дел од штафетата на САД 4х400m.

На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг се очекуваше Лашон да води тесна битка со Џереми ВоринерЗадржи ги твоите медали ... Налетот пријавен од Пекинг http://sports.espn.go.com/oly/summer08/columns/story?columnist=forde_pat&id=3523021 8 август 2008, но Воринер префорсира во почетните 300m, па на Лашон му се отвори шанса којашто не ја пропушти и го освои златниот медал со време од 43,75s со што ја оствари најубедливата победа на 400m на Олимписките игри.Во машката трка на 400m, Брзото учење на Лашон Мерит http://www.latimes.com/sports/olympics/la-sp-olymentrack22-2008aug22,0,7811586.story 21 август 2008 Со ова време, тој стана петтиот најбрз човек во оваа тркачка дисциплина.Меѓународна атлетска федерација - IAAF.org - Статистика - Топ листи На игрите во Пекинг, Лашон го освои златниот медал и како дел од штафетата на САД 4х400m.

Во 2009, Лашон имаше најдобар резултат во сезоната пред светското првенство во Берлин. На светското првенство, тој ја потврди добрата форма и на олимписката ја додаде и светската титула, победувајќи во финалето со време од 44,06s, пред сонародникот Џереми Воринер. Тој на ова првенство го освои и златниот медал во штафетната трка 4х400m.

На светското првенство во 2011 година, кое се одржа во Тегу, Мерит не успеа да го одбрани златото освоено во трката на 400 m пред две години и го освои второто место.

Лични рекорди Лични рекорди на отворено

100m - 10,56s (2007) 200m - 19,98s (2007) 300m - 31,31s (2006) 400m - 43,75s (2008)

Лични рекорди во сала

60m - 6,68s (2006) 200m - 20,40s (2005) 300m - 31,94s (2006) 400m - 44,93s (2005) 500m - 1:03,38 (2006)

Наводи

Надворешни врски Официјална мрежна страна на Лашон Мерит

Категорија:Американски атлетичари Категорија:Живи луѓе