Државниот завод за геодетски работи (ДЗГР) или само Катастар е самостоен државен орган на Владата на Република Македонија кој е задолжен да ги извршува геодетските работи и да ги запишува правата на недвижностите.
Основан е на 28 јули 1947 година од страна на Владата на Народна Република Македонија. Својата функција ја извршува преку подрачни одделенија сместени во 29 поголеми града во Република Македонија и централа сместена во главниот град – Скопје. Во ДЗГР работат вкупно 830 лица на територијата на целата држава.
Организација Своите функции дефинирани со закон Државниот завод за геодетски работи ги извршува преку работата на 10 сектори и едно одделение и тоа: Сектор за геодетски работи Сектор за дигитализација, чување и издавање на податоци и просторни единици Сектор за информатичка технологија Сектор за контрола Сектор за човечки ресурси Сектор за финансии Сектор за планирање и развој Сектор за катастар на недвижности - Скопје Сектор за катастар на недвижности - Република Македонија - А Сектор за катастар на недвижности - Република Македонија - Б Одделение за внатрешна ревизија
Наводи
Надворешни врски Државен завод за геодетски работи на Република Македонија
Категорија:Државни органи на Република Македонија