Асалското Езеро () — кратерско езеро во централен Џибути, сместено на јужната граница на регионот Таџура на 120 км западно од Џибути Сити. Лежи на 155 m (515 ft) под морското ниво во Афарската котлина (Данакилска котлина) и претставува најниска точка во Африка. Има димензии од 19 и 7 км и површина од 54 км2. Длабоко е 40 m.

Езерото се одликува со високо ниво на соленост околу 34,8% (до 40% на 20 m длабочина), споредено со просечната соленост на океаните од 3,5 % го прави најсоленото езеро во светот.

Надворешни врски

Асалското езеро на djiboutiweb (француски) Асалското езеро на artouest.org (француски) Слики од Асалското езеро

Извор Микробиолошка студија за хиперсолените езера во Француски Сомалиланд

Галерија

Категорија:Езера во Џибути Категорија:Кратерски езера Категорија:Солени езера