Науел Уапи (шпански: Lago Nahuel Huapi) — ледничко езеро во езерскиот крај на северна Патагонија помеѓу покраините Рио Негро и Неукен во Аргентина.
Местоположба
Езерото се наоѓа во истоимениот национален парк „Науел Уапи“ и има површина од 529 км2, и лежи на надморска висина од 765 м. Максималната измерена длабочина од изнесува 438 м. Од езерото истекува Лимајската Река.
Езерото има кристално чиста вода и има просечна површинска температура од 7 °C. Најпопуларен спорт е кајакарството.
„Науелито“
Во почетокот на XX век, според домородните легенди во езерото постои гигантско суштество кое живее во длабочините. Чудовиштето локално е познато под името „Науелито“. Според кажувањата, тоа е слично на Неси и Изгубениот свет.
Месните жители од народот Мапуче го нарекуваат „ел Куеро“ (кожа) поради неговата мазна кожа. Соседното Лакарско Езеро е исто така познато како дом на друго чудовиште, слично на плесиосаурус, кое според домородците е „морска крава“ заби по целото тело.
Членовите на Зоолошката градина во Буенос Аирес при посетата на езерото во 1922 година, се обиделе да го пронајдат суштеството, но не нашле никакви докази.
Наводи
Надворешни врски Науел Уапи - Светска база на езера „Науелито“ - езерското чудовиште од Патагонија
Категорија:Леднички езера во Аргентина Категорија:Патагонија Категорија:Езера во Рио Негро (покраина) Категорија:Езера во Неукен (покраина) Категорија:Национален парк Науел Уапи